Connect with us

Интервјуа

Интервју со Нина Неданоска: Со актива над една милијарда евра, идната Шпаркасе Банка Македонија ќе направи значајни поместувања во банкарскиот сектор

Објавено

на

Почнуваме да ја испишуваме историјата на банкарскиот сектор, во делот на окрупнувањето на банките. Новата банка ќе има актива поголема од една милијарда евра. Тоа е обем кој сам по себе носи значајни придвижувања и поместувања во банкарскиот сектор. Со таа актива, интегрираната Шпаркасе Банка Македонија ќе биде позиционирана на четвртата позиција во банкарскиот сектор, и ќе биде значајна системска банка.

Во интервју за Фактор, новата директорка на Охридска банка АД Скопје, Нина Неданоска, вели дека новата интегрирана банка ќе нуди уште подобар сервис на компаниите и граѓаните, ќе воведе значајни нови знаења и искуства, но и автоматизација и дигитализација на производите и услугите. Практично, вели Неданоска, таа банка ќе се натпреварува сама со себе, а времето ќе покаже дали ќе ја загрози позицијата на големата банкарска тројка.

Во интервјуто Неданоска зборува и за економските очекувања за идната година, неизвесноста што ќе ја донесат изборите, но и за позитивните сигнали што ќе ги добијат инвеститорите по влезот на земјава во НАТО. Таа е најмлад претседател на Управен одбор на банка во земјава, но ниту тоа, ниту фактот што е жена во претежно машкиот банкарски свет, не и пречат во кариерата. Искуството кое 17 години го стекнувала во Охридска банка, како и посветеноста, и помогнале да го изоди целиот кариерен пат, почнувајќи од благајник, и стигнувајќи до врвот во Охридска банка.

За претседател на Управниот одбор на Охридска банка доаѓате токму во времето кога таа станува дел од Штаермеркише Шпаркасе, а оваа историска промена во банкарскиот сектор во земјата е проследена со огромно внимание. Што, според Вас, може да се очекува од оваа нова банка, која ќе има значителен удел на пазарот?

Нина Неданоска: 2019-та беше навистина историска година, не само за Охридска банка туку и за целиот банкарски сектор. Окрупнувањето на банкарскиот сектор беше препорачувано од централната банка подолг период наназад и еве, тоа се реализира оваа година. Тоа, несомнено, ќе има импакт на банкарскиот сектор во Македонија. Јас често велам дека од овој момент почнуваме да ја испишуваме историјата на банкарскиот сектор во делот на окрупнувањето на банките. Во вториот квартал од 2021 година се очекува да имаме една нова интегрирана Шпаркасе банка Македонија, која ќе има удел од 12 до 14 проценти, во зависност од сегментот што ќе се анализира. Од сегашните податоци, кои нема да претрпат значајни измени, интегрираната Шпаркасе банка ќе биде позиционирана како втора во корпоративниот сегмент од аспект на кредитната активност и како трета банка во делот на населението. Тоа, секако, си носи и свои предности, но и одговорности во однос на нашите клиенти. Зборуваме за банка којашто ќе има актива од над една милијарда евра. Тоа е обем кој, секако, сам по себе носи и значајни придвижувања и поместувања во банкарскиот сектор. Со таа актива, интегрираната Шпаркасе банка ќе биде позиционирана на четвртата позиција во банкарскиот сектор и ќе биде значајна системска банка.

Идната Шпаркасе банка  ќе биде четврта банка по големина во земјава, со актива од над една милијарда евра. Што ќе значи тоа за досегашната популарна банкарска тројка, дали ќе бидат загрозени неприкосновените позиции на овие банки и дали тие имаат причина да стравуваат од овој нов силен играч што ќе се појави на банкарскиот пазар и буквално ќе им дише во врат?

Нина Неданоска: Јас не би го коментирала новиот банкарски субјект како закана за трите големи банки. Окрупнувањето во банкарскиот сектор и настанувањето на силна четврта банка, пред сè, има за цел да ја унапреди понудата на производи и на услуги и да го зголеми квалитетот на услугата за нашите клиенти, и за корпоративните и за оние во делот на населението, и сето тоа ќе отвори простор за поголеми финансиски иновации. Новиот субјект, исто така, ќе работи на унапредување и на модернизирање на палетата производи и услуги. Секако, ќе одиме во насока на дигитализација и на автоматизација на производите и на услугите, ќе го поттикнуваме користењето на банкарските е-услуги, всушност, ќе се фокусираме на она што некако спонтано се очекува да се случи во македонскиот банкарски сектор. Како и досега, и интегрираната Шпаркасе банка, пред сè, ќе има за цел да се натпреварува сама со себе. Значи, ние си поставуваме свои цели, кои се стремиме да ги оствариме. Дали тоа ќе значи загрозување на позицијата на трите силни банки, оставам времето да покаже. Но, она што е сигурно е дека во главниот фокус останува грижата за клиентите и моделирањето една нова, модерна и помоќна Шпаркасе банка Македонија, како четврта најголема банкарска групација во земјата, која ќе донесе бројни бенефити за клиентите, ќе отвори нови перспективи во економијата на макро- и на микрониво и ќе овозможи подигање на нивото на целиот банкарски сектор во земјата.

Целосното интервју можете да го погледнете на следниов линк.

Извор: Фактор.мк

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на Охридска банка АД Скопје за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на Халкбанк АД Скопје за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на Капитал Банка АД Скопје за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно