Connect with us

Интервјуа

Интервју со Никола Јошевски, директор на СН Финансии, првата Финтек компанија во Битола

Објавено

на

Поразговаравме со г-дин Никола Јошевски, директор на СН Финансии, Финтек компанија која неодамна ја прослави годишнината од своето постоење, во која се пријатно изненадени од македонските граѓани и од нивната подготвеност да ги користат финансиските услуги кои ги нуди СН Финансии комплетно онлајн. Разговаравме за тоа колку финансиските друштва се сериозен конкурент на банките, за скептицизмот на граѓаните кон новите работи, како и за новата димензија која ја нудат овие компании, дигиталната револуција и онлајн кредитирањето.

Банкарство: СН Финансии на 15 март оваа година прослави една година постоење. Може ли да ни кажете дали во текот на оваа година се исполнија очекувањата кои ги имавте?

Никола Јошевски: СН Финансии беше и се уште е првата Финтек компанија во Битола, но исто така е и прва Финтек компанија во Македонија со домашен капитал.

Најпрво, со анализата која што ја направивме после првата завршна сметка увидовме дека финансиските очекувања се исполнети, но не е само тоа. Во оваа прва година од функционирањето, ние сме пријатно изненадени од македонските граѓани и од нивната подготвеност да ги користат нашите финансиски услуги кои ги нудиме комплетно онлајн.

Ќе бидам искрен кога почнувавме постоеше одреден скептицизам, како македонските граѓани ќе го прифатат нашиот начин на работа, но тој скептицизам исчезна уште во првите седум дена од нашиот почеток.

Банкарство: Кои се услугите кои ги нудите како финансиско друштво?

Никола Јошевски: Ние како Финансиско друштво имаме лиценца за: одобрување кредити и кредитни картички, издавање гаранции како и факторинг. Во моментот сме фокусирани на одобрување и исплата на кредити, но исто така работиме и со издававање гаранции и факторинг.

Банкарство: Може ли да ни кажете, кој од Вашите кредитни производи е најмногу побаруван? И зошто е тоа така, според Вашето мислење?

Никола Јошевски: Уште при основањето, ние инвестиравме значителни средства и напор за да развиеме технологија со којa ќе можеме да понудиме комплетен процес на онлајн кредитирање. Инвестицијата која ја направивме се исплатеше и токму тие кредити што ги нудиме онлајн во моментот се најбарани и сочинуваат 90% од нашето портфолио.

Банкарство: Споменавте комплетен процес на онлајн кредитирање. Дали можете да ни го објасните накратко тој процес?

Никола Јошевски: Комплетен процес на онлајн кредитирање значи дека клиентот може да аплицира за кредит, да потпише договор и да ги добие парите без воопшто физички да ги посети нашите канцеларии.

Банкарство: Што е клучното, зошто клиентите да Ве одберат токму Вас?

Никола Јошевски: Нашиот проактивен пристап кон клиентите, квалитетот на услугата и брзината на одобрување и исплата, несомнено се клучни фактори кои влијаат на граѓаните да се одлучат за нас.

Банкарство: Која категорија на граѓани се Ваши клиенти?

Никола Јошевски: Според возраста не можам да издвојам некоја категорија бидејќи нашиот најмлад клиент е 18 години додека нашиот најстар клиент е 72 години. Можам да направам некоја сегментација според регионот каде живеат нашите клиенте и според тоа: 50% од клиентите се од скопскиот регион, а само 10% се од пелагонискиот регион, каде што се наоѓа нашето седиште.

Банкарство: Колку сте задоволни од она што го постигнавте во текот на првата година од постоењето и котирањето на македонскиот пазар?

Никола Јошевски: Сите цели за првата година кои ги зацртавме со моите партнери пред основањето се остварени и надминати. Така што, морам да кажам дека досега сум задоволен.

Банкарство: Дали според вас, финансиските друштва последниот период се наметнуваат како сериозен конкурент на македонскиот кредитен пазар?

Никола Јошевски: Финтек компаниите употребуваме технолошки иновации кои ни овозможуваат повисок степен на ефикасност во своето работење и побрзо процесирање на кредитните апликации. Исто така дигиталната револуција која се случува во последните години ни овозможува да бидеме многу блиску до нашите потенцијални клиенти.

Исто така, тука важно е да се напомене дека од 13 јануари 2018 во ЕУ стапи на сила новата европска регулатива PSD2 според која банките не се единствени носители на платниот промет, туку тоа можат да го прават и трети лица. Сето ова укажува на фактот дека во наредните 5 години, Финтек компаниите ќе се наметнат како сериозна конкуренција на македонскиот кредитен пазар.

Банкарство: Колку време беше потребно за граѓаните да се информираат за услугите кои што ги нудите и да почнат ги користат? Постоеше ли доза на скептичност на почетокот?

Никола Јошевски: Кога се нуди нешто ново, нешто различно од постоечкото, секогаш постои недоверба и скептичност, но кога компанијата што го нуди тоа е сериозна и квалитетна, тогаш таа скептичност и недоверба многу брзо се надминува.

Банкарство: Што е она што го планирате за во иднина? Можеби нови услуги и производи?

Никола Јошевски: Македонија е само почеток на нашата приказна, на крајот од оваа година или почетокот на наредната планираме нашите услуги да почнеме да ги нудиме и надвор од Македонија.

Интервјуа

Интервју со Дарко Дедиќ: Заштеда, заштита и инвестиција со производот Лајф Инвест (Unit Linked) на Винер Лајф кој отсега нуди уште поповолни услови

Објавено

на

Со своето речиси 20 годишно искуство во финансиите, г-динот Дарко Дедиќ, Претседател на Управниот одбор на Винер Лајф, успеа од компанијата да создаде претпознатлив бренд со производи кои што се достапни и прифатливи за секој граѓанин на Македонија.

Поразговаравме со г-динот Дедиќ за растот на Винер Лајф на македонскиот пазар во изминатиот период. Особено акцент се стави на производот Лајф Инвест (Unit Linked) со кој се овозможува заштеда, заштита и инвестиција за секој осигуреник, а од 01.06.2018 година производот е доусовршен со што станува уште поповолен за осигурениците. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Христина Џамбазовска Анастасов: Внимателно го градиме нашиот тим и вложуваме во развојот на квалитетен млад кадар во Македонија

Објавено

на

Водечката компанија за животно осигурување во Република Македонија, Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, неодамна започна Проект за едукација на млади лица кои се на самите почетоци на својата кариера.

Проектот „Вештини за успех“, реализиран во соработка со една од водечките компании за развој на човечки ресурси DEKRA Arbeit Group, има за цел да понуди висококвалитетна обука за унапредување на комуникациските вештини, развој на вештини за водење преговори, како и стекнување на практично знаење за функционирањето на финансискиот пазар. Директорот на Сектор за деловни операции во Кроациа Осигурување – Живот, Христина Џамбазовска Анастасов ги детектира ефектите на проектот, состојбите на пазарот на труд во Македонија, како и стратегијата за едукација и мотивација на вработените во оваа компанија. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на г-ѓа Јованка Јолеска Поповска [ПроКредит Банка] за случувањата во банкарскиот сектор во 2018 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2018 година, се обраќаме до членовите на Управните одбори на Банките во Македонија, со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange