Connect with us

Интервјуа

Интервју со Марко Дамевски: Продажбата е професија која нуди безброј можности

Објавено

на

Со своето 18 годишно искуство во финансискиот сектор, г-динот Марко Дамевски, новиот Менаџер за продажба на Винер Лајф, е надополнување на веќе успешниот продажен тим на компанијата која од година во година расте и го зголемува своето пазарно учество на македонскиот осигурителен пазар за животно осигурување.

Поразговаравме со г-динот Дамевски за тоа каде Винер Лајф е позициониран на македонскиот пазар во моментов и кои се неговите очекувања во периодот што следи. Дали може да очекуваме нови производи и пакет услуги кои би овозможиле дополнителна заштита, а притоа и заштеда за сегашните, така и за потенцијалните идни клиенти.

Банкарство: Г-дине Дамевски имате долгогодишно искуство во финансискиот, пред се во банкарскиот сектор, најпрво во ИК Банка (денешна Халкбанк), а подоцна и во Охридска Банка Сосиете Женерал, на повеќе позиции како и во една од конкурентските компании за животно осигурување. Во Винер Лајф доаѓате во септември годинава на позицијата Менаџер за продажба. Што е клучно за успешна продажба во осигурителниот бизнис и дали сметате дека Вие можете подеднакво добро да ги продавате производите и услугите на Винер Лајф за животно осигурување кои претставуваат потреба, но пред се луксуз, како и досегашната продажба на кредитни производи кои на македонското население му се повеќе од неопходни во условите во кои живееме?

Марко Дамевски: Разликата во креирањето и продажбата на банкарски производи и било кој производ од бизнисот на животно осигурување е дијаметрално различен во секој поглед. Се согласувам дека кредитите им се неопходни како на населението така и на економијата во државата. Она со што не се согласувам е дека животното осигурување е луксуз.

Недоволната информираност на населението околу економијата, финасиите, а особено околу животното осигурување ја создаде фикцијата дека животното осигурување е луксуз, а не потреба. Сметам дека животното осигурување е потреба за која секој поединец и секое семејство треба да е свесно.

Животното осигурување не е привилегија туку претставува одговорност кон себе и семејството. Куповната моќ може само да влијае на висината на годишната премија, меѓутоа никако и на тоа дали некој ќе склучи полиса за животно осигурување или не.

Сметам дека успешната продажбата на животното осигурување е врвот работата како продавач. Оној кој успешно продава животно осигурување може да продава било што и со тоа си ја обезбедил иднината и егзистенцијата.

Банкарство: Според досегашното Ваше искуство, кои се клучните фактори за успешна кариера кои би ги споделиле со нашите читатели?

Марко Дамевски: Основниот предуслов да бидете успешни во она што го работите е да ја сакате вашата работа. Само така со задоволство ќе се внесете во сопствената надградба, остварувањето не целите и задачите што секако е предуслов за напредок во кариерата.

Целосната посветеност на работата, доедукацијата во делот од работата кој го работите и истрајноста се едни од основните елементи за успех. Се разбира доколку дополнително знаете своите професионални соништа да ги претворите во професионални цели кон кои ќе се стремите, тогаш успехот ви е загарантиран.

Не се задоволувајте со просечноста. Имајте на ум дека секогаш можете и подобро и повеќе.

Банкарство: Во поголемите компании се почесто се случува организацијата да ги надградува и континуирано едуцира своите вработени, кои потоа како квалитетен и стручен кадар заминуваат во друга конкурентска компанија за повисока плата и други подобри услови. Ова пред се најмногу се случува кај добрите продавачи, па кажете ни каква е Вашата стратегија за едукација и надградба на својот тим, а притоа да успеете долгорочно да ги задржите во компанијата?

Марко Дамевски: Се согласувам со Вас во целост. Се разбира дека е тоа еден од главните проблеми, меѓутоа не само во големите компании туку општо.

Винер Лајф континуирано инвестира во насока на едукација, доедукација и финансиски стимулации за своите вработени. Сметам дека многу поголем проблем за флуктуацијата на кадарот е неследењето на квалитетните кадри од страна на менаџментот, атмосферата во компанијата и односнот кон секој вработен. Се разбира дека не можеме да го занемариме ниту
финансискиот фактор, меѓутоа флуктуацијата, односно лојалноста е прекомплексен проблем за да го гледаме само како финансиски.

Лојалноста е двонасочен пат. Доколку компанијата не покажува лојалност кон своите вработени, нема право ниту да очекува лојалност од нив.

Банкарство: Продавањето на производи и услуги е многу тешка и напорна професија, која има многу барања. Што точно барате од Вашите вработени и како може да се стане дел од Вашиот успешен тим?

Марко Дамевски: Не се согасувам дека продавањето на производи и услуги е многу тешка и напорна професија. Продажбата е најлесната и најубавата работа на светот, доколку ја сакате. Продажбата е професија која нуди безброј можности, која како и секоја друга професија може да се научи, иако постои вистина дека дел од квалитетите кои се потребни за добар продавач кандидатот ги
поседува или не ги поседува како карактерни црти.

Некои од тие квалитети се комуникативност, елоквентност, брзо размилување односно брзо и прецизно пронаѓање на адекватно решение за секој клиент, а за сите вештини кои еден добар продавач треба да ги поседува се грижи Винер Лајф со своите континуирани обуки за своите вработени.

Банкарство: Винер Лајф е релативно нова компанија, која на македонскиот пазар постои од 2010 година, но резултатите кои ги постигнува од година во година се импресивни. Кажете ни каде е позициониран Винер Лајф во моментов на македонскиот пазар и какви се Вашите очекувања во годините кои ни претстојат?

Марко Дамевски: Точно е дека Винер Лајф е на македонскиот пазар на животно осигурување од 2010 година и е единствена компанија која бележи континуиран раст секоја година од своето постоење. Тоа е затоа што растот на Винер лајф е строго контролиран, а се со цел нејзините осигуреници да бидат што е можно посигурни во своите инвестиции.

Планот за иднината на Винер Лајф секогаш ќе биде со пораст во однос на претходната година. За 2019 годината се поставени доста амбициозни цели, меѓутоа земајќи го во предвид тимот со кој располага Винер Лајф, како и работната атмосфера, немам никакво сомневање дека и ќе се оствари.

Интервјуа

Интервју СОЊА ПАНЕВСКА: Банкоосигурувањето претставува „win-win“ стратегија за банките и за осигурителните компании

Објавено

на

Банкоосигурувањето има потекло од францускиот збор Banque (банка) и Assurance (осигурување), во англиската терминологија е прифатена како Bancassurance. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Влијанието на банкоосигурувањето во Македонија – партнерство помеѓу Шпаркасе Банка и ВинерЛајф Осигурување

Објавено

на

Во пресрет на десетгодишнината од основањето на Шпаркасе Банка на пазарот во Македонија имавме можност да дознаеме повеќе за производите кои банката ги нуди во делот на банкоосигурувањето. Партнер на банката во доменот на животното осигурување е компанијата Винер Лајф. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Влијанието на банкоосигурувањето во Македонија – партнерство помеѓу Охридска Банка Сосиете Женерал и Граве Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Во изминатиов период од особена важност за банките и осигурителните компании е банкоосигурувањето. Во Македонија се создадоа повеќе партнерства на банки и осигурителни компании, преку кои им се нудат многу поволни иновативни производи на клиентите.

Деловното партнерството помеѓу две реномирани компании со долгогодишен успех во своето работење, Охридска Банка Сосиете Женерал и Граве Осигурување АД Скопје датира од 2012 година и веќе шест години успешно функционира на пазарот.

Поразговаравме со Катерина Петровска, Раководител на Дирекција за маркетинг во Охридска Банка Сосиете Женерал.

Банкарство.мк: Што точно претставуава банкоосигурувањето?

Катерина: Со овој назив се именуваат производите кои претставуваат микс од банкарски производи и животно осигурување, при што осигурувањето значи заштита на клиентот во случај на осигурен настан – смрт, губење на деловна способност или траен инвалидитет. При настанување на осигурен настан, долгот кон банката го подмирува осигурителната компанија, така што клиентот или најблиското семејство на клиентот е ослободено од долгот кон банката.

Банкарство.мк: Каква е придобивката на клиентите од овој тип на осигурување, при подигнување на кредит во банка?

Катерина: Клиентите со користењето на банкарски производи со осигурителна компонента, добиваат заштита во случај на немил настан, долгот кон банката да не падне на нивен товар или на товар на најблиските, туку да биде целосно подмирен од страна на осигурителната компанија. Клиентите се повеќе го прифаќаат овој производ и ги препознаваат бенефитите од користење на кредитно животно осигурување со оглед дека истото значи посигурна иднина за нив и нивните најблиски, а самиот трошок е вклучен во месечната рата на кредитите и на тој начин минимално влијае на нивниот буџет.

Банкарство.мк: Охридска Банка е единствената банка која во моментов на клиентите им нуди можност покрај осигурувањето при подигнување на кредит (потрошувачки, станбен, хипотекарен…), да можат да го осигураат и искористениот износ кај кредитните картички и дозволеното пречекорување. Можеме ли во иднина да очекуваме некоја нова иновативна понуда?

Катерина: Охридска Банка Сосиете Женерал постојано работи на зголемување на својата понуда како во делот на банкарските производи и услуги така и во комбинирање на банкарските со осигурителните производи.

Најновите производи кои претставуваат спој на животно осигурување и банкарски производи се осигурување на трансакциска сметка и осигурување на депозит кои како концепт нудат итна поткрепа и можност за повеќе полиси. Финансиските бенефиции од осигуран настан подразбираат вкупен надомест со максимален лимит до 2.500 евра по полиса за осигурувањето на трансакциска сметка и до 3.000 еур по полиса за осигурувањето на депозит, согласно условите на осигурувањето. Клиентот може да аплицира за максимум три полиси, и оттука максималниот осигуран износ тројно би се зголемил.

Корисниците на картички на Охридска банка Сосиете Женерал, истовремено бесплатно добиваат осигурување на картички – “IN-cards“ со кое сите МастерКард и ВИЗА платежни картички – се покриени со неколку осигурителни покритија.

Осигурувањето на картичките е неживотно осигурување на клиентите и вклучува одредени настани кои се покриени и се надополнуваат во зависност од типот на картичката (на пример: надомест за изгубен багаж при патување).

Освен што ваквото осигурување е компатибилно решение во однос на патничкото осигурување, вклучените придобивки овозможуваат: осигурување што е валидно веднаш без потреба од апликација и без дополнителни трошоци, финансиска безбедност за имателот на картичката и неговото семејството во случај на осигурен настан, покриеност за неограничен број на патувања, медицинска помош, осигурен багаж и многу друго.

Банкарство.мк: Зошто ваквите партнерства се важни и за банките и за осигурителните компании и како влијаат врз целокупниот финансиски сектор?

Катерина: Бенефит од ваквите партнерства, покрај претходно наведените за клиентите, имаат секако и банките и осигурителните компании. За банките, можноста за вклучување на осигурителните производи во својата понуда значи збогатување на палетата на производи, заштита од ненаплата на побарувања при настанување на осигуран случај, финансиски бенефит и зголемување на задоволството на клиените поради овозможувње на нивна заштита со производите од кредитно животно осигурување.

За осигурителните компании ваквите производи исто така значат збогатување на понудата, зголемување на дистрибутивната и продажна мрежа, а со тоа и зголемување на портфолиото на клиенти, диверзификација на ризикот и крајно подобри финансиски резултати.

Банкарство.мк: Колкав е степенот на развиеност на банкоосигурувањето во светот и дали банкоосигурувањето во Р.Македонија се движи во таа насока?

Катерина: Постојат многу разлики во однос на развојот на банкоосигурувањето во светот и истото зависи во голем дел од регулативата како и од најразлични културолошки и социодемографски фактори, но евидентен е глобален тренд на раст на значењето на банкоосигурувањето. Во некои европски земји, банкоосигурувањето е главен канал за продажба на животното осигурување.

Во Р.Македонија од пионерскиот чекор на Охридска Банка Сосете Женерал во 2012 година со воведување на првиот ваков производ – кредитно животно осигурување, до денес евидентен е постојан раст на понуда на ваков тип на производи и воведување на производот од страна на повеќе банки на пазарот, така што можеме да кажеме дека степенот на развој и свесноста на клиентите за постоењето и за бенефитите од овој производ е на солидно ниво и во одредени случаи има и пресудно влијание за изборот на производот кој ќе го користи клиентот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange