Connect with us

Интервјуа

Интервју со КУПИ НА РАТИ: Битолска компанија која направи купувањето на рати да биде уште полесно

Објавено

на

Онлајн купувањето го револуционизира начинот на кој купуваме. Поради бројните предности, изминатиов период се повеќе се преферира купување онлајн, преку интернет, во замена за традиционалното купување по физички продавници.

Онлајн продавниците овозможуваат купување 24 часа на ден, 7 денови во седмицата. На овој начин може да се направи шопинг избор за неколку минути и не постои подобро место за купување на услуги или производи, кои што се на располагање веднаш. E-трговијата повеќе не е избор, туку таа е неопходен дел во секојдневното функционирање на секој од нас. Исто така, е-трговијата е еден од клучните фактори за секоја компанија која сака да расте и да се развива, да просперира и да оствари конкурентска предност на пазарот.

Во услови на пандемија, онлајн продавниците се повеќе и повеќе ги заменуваат физичките продавници, а една од нив е и КУПИ НА РАТИ.

На наше огромно задоволство, разговаравме со Радојка Димитријеска Јошевска – раководител на оддел за финансии во ФД СН Финансии, Стефан Талевски – извршен директор во Вебиарт и Стефан Јончески – главен оперативен директор во Вебиарт, основачите на првата македонска онлајн продавница во која можете да купувате на рати.

Банкарство: Koja е мисијата на Купи На Рати

Купи на рати: Во услови на пандемија, онлајн продавниците се повеќе и повеќе ги заменуваат физичките продавници, а онлајн купувањето целосно го промени начинот на кој купуваме.

Живееме брзо секојдневие каде времето е најважно и тоа ни налага сите обврски да ги завршуваме поефикасно, побезбедно и побрзо.

Целта и мисијата на Купи На Рати (www.kupinarati.mk ) е олеснување на секојдневието, со пазарување од дома, брзо и лесно, и тоа на рати. Купи На Рати е првата македонска онлајн продавница каде што може да купувате најразлични производи и услуги на рати, и притоа каматите да не бидат превисоки. Со Купи На Рати може да купувате повеќе производи,а да не плаќате огромна сума наеднаш.

Раздели па плати е одлична стратегија во денешно време.

Банкарство: Како се започна?

Купи на рати: Нашата приказна започна пред 3 години. Тројца млади личности, развија иновативна идеја која во основа е онлајн продавница која што ќе го олеснува секојдневието на граѓаните во државата и ќе им биде на располагање 24/7 од било која локација, а истовремено ќе мисли на рационалност на буџет, односно опција да се купува на рати. Тројцата доаѓаме од две различни бранши, едната е финансии, а другата е ИТ или поконкретно кога ќе се спојат идеите и искуствата на двајца програмери од ИТ секторот (Стефан Талевски и Стефан Јончески) и еден економист од сметководствениот сектор (Радојка Димитријеска Јошевска) – резултира Купи На Рати.

Банкарство: Кои се ваши клиенти?

Купи на рати: клиенти се сите граѓани кои што се во редовен работен однос во рамките на територијата на нашата држава, а имаат потреба од производ или услуга на рати.

Банкарство: Кои се ваши соработници?

Купи на рати: Соработуваме со голем број на компании, но и мали бизниси од целата земја кои се со долгогодишно искуство во својата дејност. Нашите соработници на Купи На Рати нудат најразлични производи и услуги, како: мобилни телефони, електроника, лаптопи, бела техника и апарати за домаќинство,дом и градина,мебел, велосипеди и електрични тротинети, мотори, инвертер клими, обуки и курсеви, стоматолошки услуги, козметички услуги, патувања и многу други.

Ние ги поддржуваме и малите бизниси кои сеуште немаат свој веб-сајт. Затоа ги повикувам сите оние мали и микро бизниси кои во ова време сеуште немаат онлајн продажба, да ме контактираат бидејќи можеме да склучиме соработка која ќе им помогне во време кога онлајн продажбата е од есенцијално значење.

Банкарство: Како новите брендови во Вашиот е-простор можат да бидат успешни?

Купи на рати: Новите брендови кои стануваат дел од нашата онлајн продавница добиваат многу предности. Купи На Рати посветува особено внимание на дигиталниот маркетинг и промоцијата со што на тој начин ги промовира и рекламира и компаниите кои се соработници. Користиме иновативни технологии и нови методи кои ги приближуваат производите и услугите од нашите партнери до купувачите на кои им се најпотребни. Купи На Рати опфаќа широк спектар на производи и услуги од најразлични брендови кои го задоволуваат секој вкус и секоја потреба.

Банкарство: Кое е вашето мислење за е/трговијата?

Купи на рати: E-трговијата повеќе не е избор, туку таа е неопходен дел во секојдневното функционирање на секој од нас. Исто така, е-трговијата е еден од клучните фактори за секоја компанија која сака да расте и да се развива, да просперира и да оствари конкурентска предност на пазарот.

Исто така време е да се посвети внимание на бизнисите кои наводно работат онлајн, а всушност работата на црно. Сега е пторебно да се зголеми свеста за безбедното онлајн купување, бидејќи постојат огромен број на т.н. Онлајн продавници кои “продаваат“ само преку социјалните медиуми и често не ги доставуваат производите или пак доколку е потребна замена воопшто и не враќаат, ниту пак одговараат на повици. Секогаш пред да купуваме онлајн, потребно е да провериме дали тоа е сосем безбедно, па потоа да ги оставаме нашите податоци.

Банкарство: Кој е најдобриот комплимент кој сте го добиле од клиент?

Купи на рати: Поголемиот дел од комплиментите се однесуваат на тоа колку е добра и брза услугата на Купи На Рати и дека ефикасно работиме. Во главно, нашите клиенти се задоволни и тоа го искажуваат преку коментари, препораки и слично на социјалните мрежи, како и word to mouth кој многу ни значи.

Банкарство: Дали ги советувате трговците како да ги подобрат резултатите со ваша помош?

Купи на рати: Ги советуваме и им нудиме најразлични начини за да обезбедат конкурентска предност на пазарот. На нашиот сајт кој брои 800+ посети на дневно ниво и 6.000 + на неделно ниво, имаме простор кој е специјално наменет за поставување на банери од други трговци и продавници. Бројот на посети на kupinarati.mk го подобрува работењето на другите продавници кои поставиле банери и им овозможува поголем број на потенцијални клиенти. Освен банерите, ги вклучуваме во акции и промоции кои ги организираме и промовираме ние, а на тој начин ги рекламираме и нив.

Банкарство: Дали расте довербата во онлајн купувањето?

Купи на рати: Со оглед на ситуацијата во која сме веќе една година, мислам дека довербата во онлајн купувањето е драстично зголемена од страна на луѓето. Секојдневно се зголемува бројот на онлајн нарачки во нашата земја и сумата на трансакции од онлајн купување. Онлајн купувањето е достапно 24 часа на ден, 7 денови во неделата и овозможува шопинг избор за неколку минути,а онлајн продавнциите се најдобро место за купување на услуги или производи, кои што се на располагање веднаш.

Сепак треба да бидеме претпазливи во однос на нелегалните бизниси на онлајн пазарот. Добро е да купуваме онлајн но од правни субјекти кои се регистрирани, имаат свој ЕДБ или па се регистрирана трговска марка, бидејќи на тој начин сме сигурни и безбедни со нашите финансиски средства.

Банкарство: Колку ваквите платформи ги следат светските трендови?

Купи на рати: Ваквиот тип на платформи, како Купи На Рати се во чекор со светските трендови и најновите иновации. Постојано се усовршуваат и постојано работат на нови идеи кои би го олесниле целиот процес на купување и би му ја овозможиле најдобрат
ауслуга на клиентите.

Во светот постојат голем број на ваков тип на онлајн продавници, а би ја издвоила Германската Otto како една од подобрите (https://www.otto.de/) .

Банкарство: Како да се исполнат очекувањата на купувачите?

Купи на рати: Разновидна и широка понуда е најдоброто кое една онлајн продавница може да им го понуди на купувачите. Исти производи од различни брендови, производи со различни карактеристики и различни услуги се некои од начините за да се исполнат високите очекувања на купувачите. Во центарот на секоја компанија фокусот треба да биде ставен на задоволството на купувачите.

Интервјуа

Интервју ВЕЛИЧКОВСКИ: Со Законот за платежни услуги и платни системи ќе се отвори пазарот за нови играчи од финтек-секторот

Објавено

на

Нацрт Закон за платежни услуги и платни системи од неодамна е објавен на порталот ЕНЕР, кој е изработен во согласност со практиките и стандардите на ЕУ. Со имплементација на новото законско решение се предвидува зголемена дигитализација кај сите учесници на платниот промет, воведување на нови платежни инструменти, нови начини на електронско плаќање, поголема заштита на правата на потрошувачите и поголема транспарентност при објава на податоците. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

ИНТЕРВЈУ СО МАЈА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ, ФИНАНСИСКИ ЕКСПЕРТ И ПОРАНЕШЕН ВИЦЕ ГУВЕРНЕР НА НБРМ: Потребна е Стратегија за развој на финтек индустријата во Република Северна Македонија

Објавено

на

Маја Кадиевска Војновиќ е финансиски експерт и поранешен вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Никола Јошевски: СН финансиско друштво – секогаш за спортот

Објавено

на

За спонзорирање во спортот на глобално ниво се трошат 62,8 милијарди американски долари, а таа цифра постојано расте. (more…)

Продолжи со читање


Популарно