Connect with us

Интервјуа

Интервју со Димитар и Антонио од When in Krusevo

Објавено

на

Адреналинскиот настан познат под името When in Krusevo продолжува и оваа година! Третото летно издание на outdoor дружбата ќе се одржи од 21. – 23. јуни 2019, на веќе добро познатата локација на Крушевското езеро. 

И ова лето рекреативците и вљубениците во Крушево, крушевската природа и планинскиот воздух, ќе имаат можност да уживаат прекрасен викенд во Крушево, исполнет со низа спортски и рекреативни активности, како и неизбежната луда забава.

Накратко поразговаравме со одганизаторите на настанот, Димитар Ангелкоски и Антонио Кузмановски околу концептот на третото летно издание на When in Krusevo.

БАНКАРСТВО: Кажете ни нешто повеќе околу програмата за овогодинешниот фестивал, во какви активности ќе можат да уживаат посетителите на третото летно издание на outdoor фестивалот?

ДИМИТАР: Покрај редовните спортски активности: рекреативна (10 км) и долга (20 км) планинарска тура, планински велосипедизам низ прекрасната крушевска природа (мала 20 км и голема 40 км тура), тандем параглајдинг, кајак и SUP на Крушевското езеро оваа година гостите ќе имаат шанса за прв пат да пробаат и јавање на коњи. Во рамките на забавниот дел предвидени се рок и DJ журки каде ќе настапат нашите добро познати и редовни гости The Hounds, крушевските рокери Invictus, лудото jungle & reggae дуо Natty Fiyah SS, реномираниот DJ Todoroff и секогаш максимално расположениот и позитивен локален DJ Бапчу!

БАНКАРСТВО: Фестивалот претставува одлична можност за вљубениците во кампувањето. Каде ќе биде поставен кампот?

ДИМИТАР: Кампот ќе биде поставен непосредно до Крушевското езеро, каде ќе уживате во свежите вечерни часови и прекрасните сончеви утра.

БАНКАРСТВО: Колку чини задоволството да се биде дел од фестивалот и што добиваат учесниците со купена карта за When in Krusevo?

АНТОНИО: Цената на фестивалскиот пакет е 500 денари во кој се вклучени уникатна маичка од фестивалот со нова оригинална илустрација на добро познатиот македонски артист ТхеМичо, место за кампување, организирани планинарски тури со обезбедени водичи, организирани велосипедски тури, влезници во крушевските музеи и други подароци од останатите спонзори. За секој учесник обезбеден е и попуст од 50% за тандем параглајдинг (1500ден.). Во тек е и акција за групи, плати 4 земи пет карти!

БАНКАРСТВО: Каде можат да се купат карти за фестивалот?

АНТОНИО: Картите се во продажба преку продажната мрежа на MK Tickets и платформата за outdoor активности When in X.

Овогодинешното издание на outdoor фестивалот When in Krusevo е поддржано од Халкбанк АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.

Интервјуа

Роберт Тодоровски, КЛИКНИ ЈАДИ: Нарачувањето на храна во компаниите е еден вид тим-билдинг

Објавено

на

Кликни Јади е компанија чија основна дејност е достава на храна и намирници до вашиот дом или канцеларија, улога која е мошне значајна особено во периодот на пандемијата со Ковид-19 и ограничувањето на движењето на граѓаните.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју НИКОЛА ЈОШЕВСКИ: Финансиските друштва – како банкарството од сенка ќе бидат финансика поддршка за населението во пост-Ковид кризната иднина

Објавено

на

Со појавата на небанкарските институции во 2011 година во Македонија започна примената на финансиската инклузија, за која развиениот свет одамна знае и ја применува, а на овој терен таа либерализација беше неопходна со една единствена цел – унапредување на финансиското работење на пазарот во целина, бидејќи на клиентите им стојат на располагање повеќе опции за задоволување на нивните финансиски потреби од различен карактер.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју СУАТ ИНАН: Нашата цел е Халк Осигурување да биде дел од водечките осигурителни компании

Објавено

на

Халк Осигурување АД Скопје како компанија за неживотно осигурување е присутна на македонскиот пазар од 2007 година. Во 2019 година, компанијата по преземањето на сопственоста од Халкбанк АД Скопје се ребрендираше во Халк Осигурување и одтогаш се позабележливо е нејзиното присуство на осигурителниот пазар во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно