Connect with us

Интервјуа

Интервју со Дарко Дедиќ: Заштеда, заштита и инвестиција со производот Лајф Инвест (Unit Linked) на Винер Лајф кој отсега нуди уште поповолни услови

Објавено

на

Со своето речиси 20 годишно искуство во финансиите, г-динот Дарко Дедиќ, Претседател на Управниот одбор на Винер Лајф, успеа од компанијата да создаде претпознатлив бренд со производи кои што се достапни и прифатливи за секој граѓанин на Македонија.

Поразговаравме со г-динот Дедиќ за растот на Винер Лајф на македонскиот пазар во изминатиот период. Особено акцент се стави на производот Лајф Инвест (Unit Linked) со кој се овозможува заштеда, заштита и инвестиција за секој осигуреник, а од 01.06.2018 година производот е доусовршен со што станува уште поповолен за осигурениците.

Банкарство: Последните неколку години покажуваат значаен раст на пазарот на осигурување на живот. Дали воведувањето на нови производи влијаеше врз динамиката на развој на животното осигурување во Македонија?

Дарко Дедиќ: Навистина сме горди што Винер Лајф пред безмалку три години во соработка со ВФП Фонд Менаџмент го пласираше производот Лајф Инвест (Unit Linked) со што стана прва компанија во Македонија која понуди Unit Linked производ за осигурување на живот.

Лајф Инвест (Unit Linked) осигурување е производ за осигурување на живот каде што средствата на клиентот преку ВФП Фонд Менаџмент се вложуваат во акции кои котираат на светските берзи во најголем дел во земји како Германија, САД, Франција, Швајцарија и други со што клиентот покрај тоа што е животно осигуран, има можност за принос поголем од оној кој би го остварил при традиционално вложување на средствата. Вложувањето на средствата во голем број висококотирани компании од друга страна влијае да се намали ризикот од вложувањето.

Банкарство: Кои се наредните чекори на Винер Лајф со кои ќе го продолжи позитивниот тренд на развој?

Дарко Дедиќ: Посебно сме среќни што овој производ беше масовно прифатен од нашите граѓани и во изминатиот период повеќе од 4.200 лица станаа корисници на Лајф Инвест производот. Ова за нас претставуваше голем мотив да продолжиме со развојот на Unit Linked производите со цел да ги подобриме неговите карактеристики. На овој начин сакавме да покажеме благодарност кон сите оние кои ја препознаа креативноста на нашата компанија и кои секојдневно ни укажуваат доверба.

Анализирајќи ги досегашните искуства, оптимизирајќи ги процесите на работа и користејки го знаењето кое веќе 200 години се акумулира во Vienna Insurance Group, a чиј дел е и Винер Лајф, успеавме да направиме надградба на нашиот Лајф Инвест производ.

Целта ни беше преку оптимизација на трошоците, контрола на ризикот и дефинирање на процесите да го подобриме финансискиот принос на овој производ, притоа зачувувајќи ја на високо ниво флексибилноста на производот и можноста клиентот сам да ја одбере, не само премијата која сака да ја уплати туку и износот на кој сака да биде осигурен. Со извршените промени кои стапија на сила од 01.06.2018 година, во можност сме на нашите клиенти да им понудиме производ со значително подобрени услови.

 

Банкарство: Дали често добивате нестандардни барања од клиентите за животно осигурување?

Дарко Дедиќ: Клиентите на нашиот пазар воглавно се заинтересирани за производите кои веќе постојат во палетата на производи на Винер Лајф. Нестандардните барања најчесто се поврзани за покривање на зголемен ризик поради занимавање со ризична професија или некој друг вид на зголемен ризик (одредени спортови и хобија) за што стручните служби на Винер Лајф вршат дополнителни пресметки со цел да им излеземе во пресрет на барањата на клиентите. Секако одвреме навреме како нестандардно барање го класификуваме и износот на кој клиентот сака да биде осигурен. Досега најголем износ на осигурување кој го превзема Винер Лајф за поединечен клиент изнесува околу 1.500.000 ЕУР што секако отскокнува од локалните стандарди.

Сепак морам да напоменам дека исклучително брзиот развој на пазарот на осигурување во Република Македонија несомнено ќе придонесе за се поголем број на нестандардни барања од клиентите, на што компаниите за осигурување на живот ќе мора да бидат спремни да одговорат.

Токму овој сегмент на иновативност е една од најзначајните стратешки определби на Винер Лајф.

Банкарство: Зошто токму ВФП Фонд Менаџмент беше изборот за фонд со кој ќе склучите соработка? Дали приоритет беше компанија со австриски капитал или сепак се поважни максималните поволности за клиентите?

Дарко Дедиќ: Неколку фактори влијаеа на взаемната одлука да отпочнеме соработка со Лајф Инвест производот. Двете компании добро го познаваат осигурителниот пазар во Република Македонија и двете компании се формирани со австриски капитал. Меѓутоа, сметам дека пресудно во носењето на одлуката беше презентираната стратегија на фондот за вложување на средствата на клиентите.

ВФП Фонд Менаџментот направи одличен баланс на портфолиото, при што примарниот акцент го стави на минимизирање на ризикот од вложување во акции, а секундарниот на принос кој на долг рок ќе ги надмине проносите од вложувања во традиционални инструменти на штедење.

За нас во Винер Лајф беше задоволство вака креираниот фонд да го надградиме со животно осигурување, трудејки се на клиентот да му оставиме што поголема флексибилност при изборот на опции кои ќе ги задоволат неговите потреби.

Интервјуа

Интервју со Христина Џамбазовска Анастасов: Внимателно го градиме нашиот тим и вложуваме во развојот на квалитетен млад кадар во Македонија

Објавено

на

Водечката компанија за животно осигурување во Република Македонија, Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, неодамна започна Проект за едукација на млади лица кои се на самите почетоци на својата кариера.

Проектот „Вештини за успех“, реализиран во соработка со една од водечките компании за развој на човечки ресурси DEKRA Arbeit Group, има за цел да понуди висококвалитетна обука за унапредување на комуникациските вештини, развој на вештини за водење преговори, како и стекнување на практично знаење за функционирањето на финансискиот пазар. Директорот на Сектор за деловни операции во Кроациа Осигурување – Живот, Христина Џамбазовска Анастасов ги детектира ефектите на проектот, состојбите на пазарот на труд во Македонија, како и стратегијата за едукација и мотивација на вработените во оваа компанија. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Никола Јошевски, директор на СН Финансии, првата Финтек компанија во Битола

Објавено

на

Поразговаравме со г-дин Никола Јошевски, директор на СН Финансии, Финтек компанија која неодамна ја прослави годишнината од своето постоење, во која се пријатно изненадени од македонските граѓани и од нивната подготвеност да ги користат финансиските услуги кои ги нуди СН Финансии комплетно онлајн. Разговаравме за тоа колку финансиските друштва се сериозен конкурент на банките, за скептицизмот на граѓаните кон новите работи, како и за новата димензија која ја нудат овие компании, дигиталната револуција и онлајн кредитирањето. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на г-ѓа Јованка Јолеска Поповска [ПроКредит Банка] за случувањата во банкарскиот сектор во 2018 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2018 година, се обраќаме до членовите на Управните одбори на Банките во Македонија, со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange