Connect with us

Интервјуа

Интервју со Билал Суџубаши: Влезот на Халкбанк АШ Турција на македонскиот финансиски пазар беше вистински потег

Објавено

на

Со 81-годишна традиција, Халкбанк АШ Турција денес е една од водечките банкарски институции во регионов. Банката, која со работа започна во 1938 година, во изминатите 81 година претрпе низа трансформации и реорганизации.

Денес Халкбанк е профитабилна и ефикасна институција со лидерска позиција во секторот, која работи според современи банкарски принципи и правила за комерцијално банкарство, со високооперативен банкарски пристап кон клиентите, создавајќи значајна додадена вредност за економијата на земјата.

Во интервју за Економист: „Светот во 2020“, генералниот директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши, вели дека од 2011 година Халкбанк е присутна и во Северна Македонија, а денес е најбрзорастечка банка и една од четирите најголеми банки во државава.

Во интервјуто Суџубаши зборува и за поддршката што Халкбанк АД Скопје ја има од својата матична банка, Халкбанк АШ Турција, за состојбата на македонскиот финансиски пазар, како и за економските очекувања за идната година.

Г. Суџубаши, Халкбанк АД Скопје веќе 8 години е дел од групацијата Халкбанк АШ Турција. Од оваа дистанца, какво е вашето мислење во врска со купувањето на банката во Македонија и влегувањето на македонскиот финансиски пазар?

Билал Суџубаши: Македонија за Турција секогаш била во сферата на интерес, бидејќи двете земји отсекогаш граделе и развивале блиски односи, како на политички, така и на економски план. Таа блискост резултира и со големи инвестиции на турски компании во Северна Македонија. Од 1997 до 2017 година, од Турција во Северна Македонија имаат влезено 252,3 милиони евра, така што од 2015 година Турција е на шестото место по странски директни инвестиции во Северна Македонија и најголем инвеститор од земјите надвор од ЕУ.

Реализацијата на овие инвестиции во голема мера беше поддржана и од Халкбанк АД Скопје. Но, Халкбанк не се ограничи само на ова, туку својата поддршка ја прошири на целокупниот корпоративен сектор во земјата, а се насочи и кон нудење различни услуги за населението. Сите овие активности резултираа со тоа Халкбанк АД Скопје да стане најбрзорастечка банка во земјата, да стане четврта најголема банка и истовремено да влезе во кругот на системски значајни банки.

Ако се погледнат остварените резултати на Халкбанк АД Скопје во минатата година, ќе се види дека банката ја заврши годината со раст од 20,5% и остварен профит од 10,6 милиони евра, при што беа исполнети и целите во сите сегменти на работењето. Во 2018 година нето-кредитите на банката пораснаа за 19,6%.

Во однос на кредитирањето на населението, како банка што нуди кредитни производи со најповолни услови, успеавме да го зголемиме портфолиото на станбени кредити на 63,3 милиони евра, постигнувајќи нето-раст од 39,4%.

Паралелно со растот на кредитното портфолио, се зголеми и депозитната база. Депозитите од клиенти се зголемени за 12%. Лани активата на банката порасна од 686,6 на 768,2 милиони евра, односно за 11,9%.

Според последните објавени податоци на Народната банка, активата на Халкбанк сега изнесува 834 милиони евра, а раст имаме во сите сегменти од работењето. Затоа и слободно можам да кажам дека влезот на македонскиот пазар за Халкбанк АШ Турција беше вистински потег во вистинско време.

Досега неколкупати беше направена докапитализација во Халкбанк АД Скопје. Која беше целта на овие чекори и каков беше ефектот од нив?

Билал Суџубаши: Од 2011 година, откако на македонскиот пазар работиме како Халкбанк, нашата стратегија е да станеме една од најголемите банки во земјата. За да може да се постигне тоа, на банката ѝ беше потребен капитал што ќе овозможи ширење и раст. Токму затоа неколкупати досега Халкбанк АШ Турција помогна во зголемување на средствата. Последната докапитализација, во вкупен износ од 20 милиони евра, која ја извршивме во почетокот на годинава, беше уште еден чекор во насока на спроведување на нашата стратегија за раст.

Ваквата поддршка од Халкбанк АШ, како во поглед на зголемувањето на капиталот, така и во поглед на пренесување на знаењето, заедно со успешниот начин на работа и раст во сите сегменти на банкарското работење, овозможи Халкбанк АД Скопје да стане четврта најголема банка во земјава.

Во што друго се состои поддршката што Халкбанк АД Скопје ја има од својата матична банка, Халкбанк АШ Турција?

Билал Суџубаши: Халкбанк во Турција има повеќедецениска традиција, која значи поминување низ различни развојни фази и собирање искуство и знаење. Ние во своето работење имаме прифатено еден многу значаен принцип, а тоа е создавање производи и услуги според мерата на клиентот. Таканаречениот тејлор-мејд пристап претставува значен дел од нашата организациска култура и ние секојдневно вложуваме напори во наоѓање начини за унапредување на производите и услугите во насока на пресретнување на потребите на клиентите.

Сето ова знаење и искуство, како во примената на нови технологии, така и во креирањето производи по мера на клиентот, ние ги пренесуваме и во Халкбанк АД Скопје уште од влезот на македонскиот пазар, што, според остварените резултати, беа успешни чекори. Банката и во иднина ќе го следи развојот на новите технологии и ќе настојува да создава нови производи, кои ќе донесат ново корисничко искуство и задоволство кај нашите сегашни и идни клиенти.

Водечка улога во воспоставувањето на Халкбанк во Турција имаше Мустафа Кемал Ататурк, кој во тоа време посочи дека новата институција ќе овозможи не само големите индустријалци туку и малите трговци и занаетчии да можат да добијат заеми по нормални услови. Оттогаш до денес Халкбанк е првата банка за средната класа, односно за трговците, занаетчиите и малите бизниси. Дали сметате дека Халкбанк АД Скопје ја следи оваа политика и дали е успешна во тоа?

Билал Суџубаши: Халкбанк АШ Турција од своите почетоци има мисија да ги поддржува со современ банкарски пристап трговците, занаетчиите и малите и средните претпријатија, кои се основата на Турција, како и сите претприемачи што придонесуваат за инвестирање и вработување. Оваа мисија преку Халкбанк АД Скопје ја пренесуваме во сите земји каде што сме присутни.

Уште од влезот на македонскиот пазар, наша целна група се малите и средните претпријатија (МСП), кои, според нас, претставуваат камен-темелник на економијата. Оваа поддршка е особено важна за Северна Македонија, во која најголем дел претпријатија (речиси 98% се со помалку од 50 вработени) влегуваат токму во оваа категорија. Халкбанк АД Скопје во делот на кредитирањето на малите и средните претпријатија минатата година оствари пораст од 41,5 милион евра, или 21,6%.

Извор: The Economist

Интервјуа

Како Комерцијална банка #РаботиОдДома

Објавено

на

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Мошне интересно е да се забележи дека светските и европските банкарски корпорации се прилагодуваат на “новото нормално” и применуваат промени во работењето согласно предизвиците кои ги наложува пандемијата. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Маја Кадиевска-Војновиќ: Финтек индустријата во Македонија и улогата на небанкарскиот финансиски сектор во Северна Македонија и проекции за натамошен раст

Објавено

на

Маја Кадиевска Војновиќ е ангажирана како предавач на Американ Колеџ – Скопје. Својата професионална кариера ја започна во 2003 година во Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во Дирекцијата за монетарна политика и истажување, кадешто држеше различни позиции, а во периодот од 2011-2018 година беше вицегувернер задолжен за Секторот на операции на финансиски пазари и платни системи. Во своето шеснаесет годишно искуство како централен банкар, на почетокот од својата кариера беше еден од основоположниците на макроекономските проекции на НБРМ. Како вицегувернер, активно беше вклучена во креирањето и спроведувањето на монетарна политика, во управувањето со девизните резерви и билансот на Централната банка. Учествуваше активно на годишните собранија на ММФ и Светска банка и при мисиите со меѓународните финансиски институции и кредит рејтинг агенции. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју БЕРНД АХАЦ: Секоја криза претставува закана, но и можност…

Објавено

на

Г-динот Бернд Ахац, Член на Управниот одбор на Винер Лајф, со својот одличен менаџерски потенцијал и долгогодишното искуство во финансиите, успеа да внесе австриски шмек во компанијата која беше основана во 2010 година и за само неколку години од неа да создаде една од најдобрите и најпрепознатливи компании за животно осигурување во Р.Северна Македонија, која во својата палета нуди широк спектар на производи кои што се достапни и прифатливи за секој граѓанин. (more…)

Продолжи со читање

Популарно