Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Интервју РАДОЈКА ДИМИТРИЈЕСКА: Кредитот “СЕ ВО ЕДНО” е најактуелниот кредитен производ во моментов!

Објавено

на

Финансиското Друштво СН Финансии ДОО од Битола го промовираше кредитниот производ СЕ ВО ЕДНО, кој за мошне краток временски период успеа да стане еден од најактуелните кредитни производи за кој има голема побарувачка.

Разговаравме со Радојка Димитријеска, Раководител на оддел за финансии во ФД СН Финансии ДОО Битола околу процесот на креирање и имплементација на производот.

“СЕ ВО ЕДНО” во рекордно време стана најактуелен и најбаран кредитен производ, затоа што клиентите ги препознаваат бенефитите од неговото користење. Сега е лесно како балон за потрошувачите да си ги остварат долго планираните проекти, реновирања во домот, купување на возило, купување на мебел и апарати за домаќинствата.

Банкарство: Што ве мотивира да креирате ваков производ?

Радојка Димитријеска: Новиот прозивод “СЕ ВО ЕДНО” е еден од најефтините онлајн  кредитни производи моментално на пазарот кои ги нудат финансиските друштва. Идејата за формирањето на овој кредитен производ е со цел да се подобри животниот стандард на потрошувачите, зајакнување на куповната сила, како и подобрување на кредитоспособноста на граѓаните со минимизирање на ризикот од понатамошно влошување.

Новиот производ им овозможува на клиентите да ги заменат своите големи месечни рати кои ги плаќаат за скапите  кредити со ниски месечни рати од 1.430 денари па нагоре.

Една од главните придобивки на “СЕ ВО ЕДНО” е аплицирањето само со лична карта, онлајн и одобрувањето за 1 час од поднесувањето на апликацијата, како и исплатата на кредитот во истиот ден.

Банкарство: За кого е наменет производот “СЕ ВО ЕДНО”?

Радојка Димитријеска: Како што напоменавме, овој кредитен производ е наменет за сите граѓани на возраст од 18 до 70 години без разлика дали се вработени во приватни или државни фирми, на определено или неопределено работно време, кои имаат високи месечни издатоци за постоечките кредити.

За производот “СЕ ВО ЕДНО” клиентите можат да аплицираат со било која плата, онлајн, и да ги рефинансираат постоечките долгорочни кредити и кредитни картички.

Банкарство: Кои се карактеристиките на производот ,, СЕ ВО ЕДНО,,?

Радојка Димитријеска: Една од главните карактеристики на производот е сумата која клиентите можат да ја подигнат во висина од 30.000 до 120.000 денари, како и флексибилниот рок на отплата до 60 месеци. Одобрувањето на ваквите износи на кредити никогаш не бил полесен. Покрај ниските камати, предноста на овој кредит е начинот на аплицирање кој е онлајн на нашата веб страна www.krediti.com.mk  и само со лична карта без физичко присуство во  нашите канцеларии.

Банкарство: На што се однесуваат новините во Законот за заштита на потрошувачите при договорите  за потрошувачки кредити?

Радојка Димитријеска: Со новите измени на законот се воведува ограничување на годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити. Со оваа измена ќе се ограничат вкупните трошоци (камати, провизии и надоместоци) кои ги плаќаат потрошувачите.

Ние сме први на пазарот што пристапивме кон прилагодување на нашите услуги и производи веднаш при донесувањето на измените, иако истите сеуште не се стапени во сила ние ги намаливме нашите камати и провизии. Креиравме најфлексибилен кредитен производ на пазарот “СЕ ВО ЕДНО” кој е во рамките на законски ограниченото СВТ.

Банкарство: Кои се плановите за ФД СН Финансии за 2019 година?

Радојка Димитријеска: Како прва Финтек компанија во Р. Македонија со домашен капитал СН Финансии секогаш на прво место го става клиентот како и неговите потреби. Се фокусираме на подобрување на нашите услуги и односот со клиентите, олеснување на комплетниот процес на аплицирање и подигнување на кредитот како и неговата отплата.

“СЕ ВО ЕДНО” е само почеток на многуте нови производи кои ги планираме за оваа година како и нови проекти на унапредување на продажбата и дигиталните канали на продажба.

Македонија е само почетокот на нашата приказна, оваа година ќе се отворат филијали во повеќе градови, со цел поголема пристапност на корисниците на кредити, како и проширување надвор од границите на државата.

Интервјуа

Министерот за финансии, Драган Тевдовски за Гласот на Америка: ММФ ја зголеми проекцијата за Северна Македонија

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски за Гласот на Америка (VoA на македонски јазик) реализираше интервју во текот на вчерашниот ден, како дел од Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон.

ММФ и светска банка ги намалија прогнозите за растот на светската економија поради незивесноста што постои, но најважно е што во услови кога кај најголемиот дел од земјите во светот ги намалуваат проекциите за растот, за нашата земја ја зголемија проекцијата од 2,8 на три проценти. Тоа покажува дека земјата се движи во добра насока, дека економијата закрепнува и дека веќе почнува да остварува и подобри стапки на раст.” – истакна министерот Тевдовски.

Целосното интервју погледнете го во продолжение:

Тевдовски посочи и дека сите показатели укажуваат на тоа дека економијата оди напред, односно дека македонската економија е закрепната и дека може да остварува добри стапки на раст.

Продолжи со читање

Интервјуа

Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка: Денарот е стабилен, очекуваме раст од речиси 4%

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка (VoA на македонски јазик) реализираше интервју во текот на вчерашниот ден, како дел од Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Цветан Петринин, Претседател на Управен Одбор на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

На почетокот на тековната 2019 година, се обраќаме до банките во Република Северна Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange