Connect with us

Интервјуа

Интервју НИКОЛА ЈОШЕВСКИ: Финансиските друштва – како банкарството од сенка ќе бидат финансика поддршка за населението во пост-Ковид кризната иднина

Објавено

на

Со појавата на небанкарските институции во 2011 година во Македонија започна примената на финансиската инклузија, за која развиениот свет одамна знае и ја применува, а на овој терен таа либерализација беше неопходна со една единствена цел – унапредување на финансиското работење на пазарот во целина, бидејќи на клиентите им стојат на располагање повеќе опции за задоволување на нивните финансиски потреби од различен карактер. 

Сега, како никогаш порано овој сектор ќе биде значаен за ублажување на економската криза која допрва доаѓа.
Во РСМ се регистрирани 28 финансиски друштва кои извршуваат повеќе финансиски активности како што се издавање на кредити, издавање на картички, гаранции и факторинг.

На оваа тема разговаравме со Никола Јошевски – Претседател на Групацијата на Финансиски друштва при Стопанска Комора на РСМ и Генерален директор и партнер во финансиското друштво СН финансии.

Зошто микрокредити ќе бидат мошне заначајни во овој период?

Никола Јошевски: После кризата со Ковид19 повеќе од јасно е дека ќе се соочиме со уште една криза, а тоа е економската,  која сметам дека можеме да ја надминеме со стимулирање на потрошувачката.

Финансиските друштва би можеле да одиграат значајна улога во стимулирањето на потрошувачката поради две едноставни причини.

  • Првата е дека голем дел од нашите институции превземаат поголем ризик издавајки брзи кредити со поедноставна кредитна анализа , а кои се одобруваат не броено во недели или денови  туку во минути, а во вакви ситуации потребите се најчесто од итна природа.
  • И втората причина е што пандемијата и повикот онлајн да се работи генерално за сите индустрии, за нашите комапнии не е нова работа. Кај нас автоматизирано и дигитално се работи повеќе години. Од алицирање до одобрување  и исплата на кредити, се се одвива преку комплексна и напредна технологија која е задолжена да го скрати времето, а ги содржи сите параметри за проверка на клиентот и неговата кредитоспособност.  Сите препораки за физичко дистанцирање, ако се нема потреба да не се оди и чека по шалтери, кај нас е реалност одамна. Нема потреба од доаѓање по филијали, од чекање на редови по шалтери и долго очекување на одговор дали сте добиле или не сте добиле кредит.

Финансиските друштва често се нарекуваат и ФИНТЕК компании зошто ?

Никола Јошевски: Како што погоре објаснав, дел од финансиските друштва кои работат оналјн  вложуваат значителни средства во технологија што им овозможуваат клиентот да аплицира за кредит, да потпише договор и да ги добие парите без воопшто физички да ги посети нашите канцеларии. Комбинацијата на финансиски услуги и технолошки напредни системи ги прави ФИНТЕК компании.

Колку се стабилни Финансиските друштва во ваква економска криза?

Никола Јошевски: Само мудри компании во нашиот сектор знаат дека ако се сочува стабилноста, ние заедно со државата може да ја ублажиме и консолидираме финансиката криза со која се соочува, а и допрва ќе се соочува населението. Добрата финансика кондиција на нашите друштва ќе значи и финансиска стабилност како комапнии кои ќе треба да ги поддржат и поединците и комапниите со цел да се надминат негативните ефекти кои ги предизвика оваа здравствено-финансика криза, би рекол.

Конечно, само ако бидеме прагматични може да мислиме на нашите комапнии во контекст на одржливост и после Ковид 19 кризата, исто како што размислува и самата држава.

Реалноста е таа, Финансиските друштва  ја делат судбината и со бизнис заедницата и со нашите граѓани, последици мора да има на профитабилноста и кај нас како и кај голем број на компании.

Многу наши клиенти ќе бидат соочени со можни отпуштања од работа заради нефункционирање на одредени бизнис гранки, во целост и нив навистина ќе им биде потребна помош.

А генерално, за последиците од оваа криза во економски параметри, допрва ќе се сумираат бројки и резултати.

Реално согледано, нашата економија исто како и светската нема да биде иста после оваа пандемија.

Од пакетот економски мерки, Вие како групација изглеговте со став за олеснувањата кои ги понудивте. За нив многу се пишуваше, нас не интересира колкав е % на клиенти кои побараа одложување на финансиките обврски?

Никола Јошевски: Ние како  општествено одговорни компании имавме проактивен пристап. Со првиот удар на КОВИД 19 кризата врз граѓаните и комапниите, стапивме во контакт со Министерството за финансии, а и имавме многу повици од наши клиенти, уште пред да договориме со Владата олеснителни мерки во оваа сфера. Свесни бевме дека нужно е да воведеме олеснувања. Имавме и индивуален пристап и генерален став, така што изразено во проценти прифатени или одбиени олеснувања од затекнати финансики обврски со кредити искористија некаде од 35-70% од вкупната бројка на клиенти. Овој широк дијапазон варира од друштво до друштво. Она што е најважно на крајот на денот, што целосно подготвени излеговме пред нашите клиенти да најдеме соодветни солуции и малку да ги релаксираме. Репрограмирање и рефинансирање на долговите е неопходно, заради олеснување и затоа не чекавме да биде обврска, туку работевме од првите удари на кризата да амортизираме во рамките на нашите можности, а притоа да не ја загрозиме многу стабилноста на комапниите.

Постојат шпекулации за законско-незаконско работење на одредени друштва од Вашата групација?

Никола Јошевски: Нашата групација настапува во име на финансиските друштва кои се членови на Стопанската комора на РСМ , односно тој микрофинансиски сектор и основна цел е да изгради и промовира транспарентност, најдобри деловни пракси, добро управување и истражување за своите членки. Приоритетите ни се: раст и развој на микрокредитниот сектор, подобрување на регулаторно-правната рамка како процес на наш растеж, како и градење на позитувен имиџ со оглед на фактот што нашите кредити се значајно средство за поддршка на индивидуалците, семејствата и бизнисите.
Како што напоменав на почетокот во РСМ постојат 28 Финансиски друштва, може да има исклучоци кои го кршат законот, но мое мислење е дека „исклучокот го потврува правилото“. Наш регулатор е Министерството за финансии кое е директно задолжено за примена на правната рамка во нашето работење и ние како Групација на финансиски друштва целосно поддржуваме примена на законите во секој сегмент, без исклучоци.  Така што, доколку некој смета дека правилата на игра не треба да ги следи, тогаш санкционирањето ќе биде неизбежно од страна на регулаторот.

Споменавте отпуштања кај населението, а дали имаше отпуштања кај членките на групацијата?

Никола Јошевски: Не, или сосем незначително. Ние сакаме бројки, па еве конкретно 98% од вработените во оваа наша групација останаа на своите работни места.

Како да се гледа во иднината, со оглед на здравствена криза која предизвика економска криза?

Никола Јошевски: Бизнис окружувањето во коешто ќе осамнеме кога пандемијата ќе приврши – што може да е за една, па дури и две години – ќе биде многу поразлично одошто пред кризата.

Притоа, да не заборавиме дека нашата држава на патот кон евроинтеграциите, без оглед на новонастанатата ситуација,  треба да донесе некои закони кои ќе придонесат за дополнтелен развој на финансиските дејности а со тоа и на финансиските друштва.

Затоа мора да почнеме да се подготвуваме уште отсега. А, за да го направиме тоа правилно, мора да имаме долгорочна визија за тоа какви сакаме да бидеме – некоја своевидна “Sвезда Северница” што ќе не води и ќе ни помага да го формираме своето мислење и да превземаме чекори на краток и долг рок.

Јас останувам на премисата дека микрокредитирањето е суштнски важно за секое општество.

Ги таргетира ранливите групи, поттикнува вработување, придонесува кон подобрување на животниот стандард на лицата кои немаат пристап до традиционалните извори на финансирање, што конечно придонесува до економско и социјално јакнење, па и финансика инклузија.

Во светот овој наш сектор фантастично брзо расте и ја шири лепезата на услуги со една единстевена цел, а тоа е да го унапреди квалитетот на услуги и да ја шири својата достапност до што поглем број на граѓани.

А во ваква светска здравствено-економска криза ова наше банкарство од сенка, може да одигра и тоа како витална улога.

Интервјуа

Како Комерцијална банка #РаботиОдДома

Објавено

на

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Мошне интересно е да се забележи дека светските и европските банкарски корпорации се прилагодуваат на “новото нормално” и применуваат промени во работењето согласно предизвиците кои ги наложува пандемијата. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Маја Кадиевска-Војновиќ: Финтек индустријата во Македонија и улогата на небанкарскиот финансиски сектор во Северна Македонија и проекции за натамошен раст

Објавено

на

Маја Кадиевска Војновиќ е ангажирана како предавач на Американ Колеџ – Скопје. Својата професионална кариера ја започна во 2003 година во Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во Дирекцијата за монетарна политика и истажување, кадешто држеше различни позиции, а во периодот од 2011-2018 година беше вицегувернер задолжен за Секторот на операции на финансиски пазари и платни системи. Во своето шеснаесет годишно искуство како централен банкар, на почетокот од својата кариера беше еден од основоположниците на макроекономските проекции на НБРМ. Како вицегувернер, активно беше вклучена во креирањето и спроведувањето на монетарна политика, во управувањето со девизните резерви и билансот на Централната банка. Учествуваше активно на годишните собранија на ММФ и Светска банка и при мисиите со меѓународните финансиски институции и кредит рејтинг агенции. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју БЕРНД АХАЦ: Секоја криза претставува закана, но и можност…

Објавено

на

Г-динот Бернд Ахац, Член на Управниот одбор на Винер Лајф, со својот одличен менаџерски потенцијал и долгогодишното искуство во финансиите, успеа да внесе австриски шмек во компанијата која беше основана во 2010 година и за само неколку години од неа да создаде една од најдобрите и најпрепознатливи компании за животно осигурување во Р.Северна Македонија, која во својата палета нуди широк спектар на производи кои што се достапни и прифатливи за секој граѓанин. (more…)

Продолжи со читање

Популарно