Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Интервју МАРИЈА ТОМЕСКА: Иднината е извесна за Еуролинк, фокус кон атрактивна онлајн понуда!

Објавено

на

Еуролинк осигурување е предводено од желбата за придонес кон економскиот развој на Република Северна Македонија, таа се стреми кон континуиран и долгорочен раст и паралелно градење поинакво осигурување за целосно задоволување на потребите на клиентите. Разговараме со претседателот на УО, г-ѓа Марија Томеска за понатамошните подвизи на Еуролинк осигурување.

 

Банкарство: Еуролинк осигурување е првата осигурителна компанија која ја воведе и е-трговијата како продажен канал. Кое од осигурувањата со можност за онлјан продажба се најатрактивни за вашите корисници?

Марија Томеска: Како компанија која тежнее кон одлични резултати и во константна потрага по нови канали на дистрибуција, Еуролинк осигурување како прва компанија на пазарот за осигурување започна со онлајн продажба на полиси преку сопствената интернет продавница: Е- полиса. Оттогаш овој начин на продажба на полиси бележи континуиран раст од година во година како во однос на бројот на продадени полиси, така и по висина на полисирана премија и по бројот на нови клиенти од кои голем дел со текот на годините комплетно се насочија на овој начин на купување. Нашите почетоци во сегментот на е-трговијата, поточно со онлајн продажба на патничко осигурување како прв продукт понуден преку интернет продавницата, се совпаѓаат со промена на навиките на луѓето во однос на начинот на кој патуваат и го планираат сопствениот одмор поради поинтензивното користење на светските познати платформи за организација на патување кои им дадоа верба во сигурноста на овој нов начин на купување и плаќање на услугите. Платформата за е-трговија беше пречекана како големо освежување и од самите почетоци до денеска побарувачката за електронски полиси за патничко осигурување е во константен пораст. До денеска зборуваме за над 30.000 клиенти кои купиле над 40.000 патнички полиси издадени преку нашата интернет продавница што не е бројка за занемарување земајќи го во предвид фактот дека овој начин на купување на патнички полиси ќе стане се поприсутен со тенденција да се доближи до традионалниот начин на купување преку осигурителен консултант или во туристичка агенција. Моменталното учество на онлајн продажба на патничко осигурување изнесува 12% од вкупната продажба на ова осигурување преку сите останатите канали за продажба. Интернет продавницата е во континуиран процес на унапредување, крајната цел е да ги направиме достапни онлајн сите продукти од нашата понуда, да овозможиме нови функционалности, лесна навигација и одлично корисничко искуство во процесот на купување. Чувството и знаењето на компанијата да се вклучи во светските трендови на онлајн купувањето само потврдува дека сме способни да се адаптираме на светските трендови, активно да ги слушаме нашите клиенти и со тоа константно да се менуваме во насока на пресретнување на промените во нивните навики за купување и начинот на живеење кои ја дефинираат нашата трансформација.

 

Банкарство: Засега корисниците имаат можност онлајн да купат само три полиси: патничко осигурување, осигурување на дом и полиса за регистрација на возило. Може ли набрзо да очекуваме и други можности за онлајн полиси, на пример здравствено осигурување кога знаеме дека се почесто кај луѓето е атрактивно приватното здравствено осигурување?

Марија Томеска: Веруваме дека за да се развие онлајн трговијата потребно е да имате широка и ценовно атрактивна понуда. Тоа е пресудниот фактор кој влијае на импулсот на нашите граѓани да купат онлајн. Во наредната декада ќе се намали разликата помеѓу онлајн и традиционалната продажба со што уделот на онлајн продажбата во вкупната продажба континурано ќе се зголемува и ќе стане позначаен во вкупниот портфел. Процесот е почнат и нема враќање, иднината е извесна за компаниите кои ќе успеат да се адаптираат на новите трендови и кои ќе ја зголемат онлајн понудата. Тоа е нашата стратегија, да се посветиме малку повеќе на овој канал на продажба и да вклучиме нови продукти, да ги поврземе, да ги спакуваме да станат уште поатрактивни за јавноста која ќе ги препознае како неопходни за секојдневното живеење. Таков продукт секако е приватното здравствено осигурување кој треба да стане куповно достапен и онлајн, бидејќи сите постпродажни активности поврзани со нашите продукти како што е обештетувањето и наплатата веќе се реализираат и по електронски пат. Сепак бидејќи зборуваме за сензитивен продукт се работи за доверливи податоци од нашите клиенти, Еуролинк во прво време ќе овозможи онлајн здравствена евалуација (health insurance check -up)кој ќе претставува почетен чекор во процесот на воведување на овој продукт онлајн. Веќе сме во процес на подготовка и на ова решение, во следниот период ќе ја известиме јавноста и за оваа можност.

 

Банкарство: На вашата веб страна, покрај можноста за онлајн полиси, имате и можност за онлајн плаќање на фактури. Може ли да ни кажете каков е соодносот на онлајн платените фактури во споредба со традиционалното плаќање на фактури? Каков е уделот на е-продажбата во вкупната продажба?

Марија Томеска: Онлајн плаќање на фактури во Еуролинк осигурување постои повеќе од две години и за овој период се реализирале над 10.000 онлајн трансакции и се наплатени преку 6мил. денари. Во првите 5 месеци од 2019 година, уделот на онлајн наплатата е во висина од 7% од вкупно наплатената премија за осигурување во компанијата. Трендот на пораст во користење на кредитни картички како и нашите чекори за дигитализацијата на овој сегмент допрва ќе покажат резултати. На дигитализацијата и пристапуваме како кон универзално решение кое ги обединува сите сегменти во компанијата како што е продажбата, наплатата на премија и обештетувањето. Секогаш се трудиме да понудиме целосно решение кое ќе биде лесно, брзо и сигурно за нашите клиенти. Во однос на електронското плаќање на полисите, клиентот има можност да одлучи дали ќе плати во целост или ќе ја искористи поволноста да плаќа на рати. И во двата случаи со овој начин на плаќање нашите клиенти не трошат непотребно време, процесот на наплата е крајно поедноставен со што демонстрираме став на посветен партнер кој работи во нивниот најдобар интерес, ја цени нивната доверба и нивното време со тоа што ги растеретуваме од непотребните формалности.

Банкарство: Во 2019 година, Еуролинк Осигурување е премиум член на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Кои се вашите очекувања од членството во АЕТМ? Кои се работите што треба да се променат во Македонија од аспект на онлајн трговија со цел оваа дејност да го достигне својот максимум?

Марија Томеска: Формирање на Асоцијација за е-трговија и активностите што ги превзема дава сигнал дека работи во насока на целите, да ги поддржи и инспирира компаниите за развој на овој сегмент и да придонесе со својот know-how тоа да го направат полесно, поквалитетно и да опстојуваат подолгорочно.

Нашиот партнерски однос подразбира заеднички напори од двете страни за да одредени потенцијални пречки се отстранат и овој начин на купување и во нашата земја се доближи до европските и светските статистики.

Придвижувањето на онлајн трговијата кон својот оптимум, сеуште е рано да зборуваме за досегање на максимумот, зависи најпрвин од навиките на нашите граѓани за поседување и користење на кредитни картички кое е на видно пониско ниво од европската пракса. Треба да се работи со државните институции за прилагодување на законската регулатива со цел олеснување на онлајн продажбата како и модернизирање на институциите во насока на нивно прифаќање на нашите електронски документи и полиси за осигурување. Дополнителен предизвик на кој може да влијаеме и ние како трговци е подигањето на свеста за придобивките од онлајн купување, е-услугите како и во сигурноста на дигиталните канали, преку промотивни активности од наша страна, на интерактивен и забавен начин да го доближиме овој продажен канал до пошироката јавност.

Ние работиме на овој сегмент засилено и граѓаните може да очекуваат новитети на нашата интернет продавница во скоро време.

 

Банкарство: За крај, знаеме дека influencer marketing станува се поатрактивен и кај нас. Што мислите за афилиеjт партнерска програма, каде што продавачот без разлика дали е портал или инфлуенсер со многу следбеници ќе може да промовира и да продава онлајн и за тоа да добива процент од продажбата?

Марија Томеска: Во секоја работа е потребен стабилен партнер кој со своите идеи, своите клиенти и соработници и сопствената инфраструктура ќе му помогне на вашиот бизнис да расте. Тоа сме го воочиле многу оддамна кога започнавме соработка со туристичките агенции, приватните здравствени установи, сајтовите како што се kupinapopust.mk, aviokarti.mk, а од поново време и со grouper.mk и се што реализираме е во рамки на законската регулатива и во форма на промоции. Соработката со кредибилен партнер може да донесе само додадена вредност за Еуролинк осигурување.

 

Банкарство: Дали можеби инфлуенсерите во иднина ќе бидат вашите агенти за продажба во новиот дигитален свет како што и е-продажбата ќе ја замени стандардната особено кај вас кога дистрибуцијата е дигитална?

Марија Томеска: Покрај дигитализацијата и експанзијата на е-услугите како и свесноста на компаниите за бенефитите од аспект на намалување на трошоци, зголемена продуктивност, брзина и квалитет на услугата, сепак човечкиот фактор останува во фокусот, во центарот на тоа што е Еуролинк осигурување. Значаен дел од нашите клиенти сеуште ценат советодавен состанок со својот консултант за осигурување, средба лице во лице и дискутирање за најсоодветните опции за осигурување. Тука се и правните субјекти кај кои осигурителните решенија се посложени од аспект на оценка на ризик и предлогот за најсоодветно осигурително покритие е тешко да се унифицира и е индивидуално креиран за секој клиент пооделно. Е-трговијата е евидентно во подем и тој тренд ќе продолжи но сепак со градењето релации базирани на доверба нема лесно да успееме да го дигитализираме. Ова е предизвик за нас и токму затоа користиме различни канали на комуникација за да допреме до нашите клиенти. Клучна е синергијата помеѓу овие канали и токму кон тоа се стремиме во иднина; маркетинг промоциите, комуникацијата преку социјалните медиуми, преку нашата веб страна и интернет продавницата, преку нашите соработници и вработени да е конзистентна во квалитетот и на еднаков начин да ги одразува вредностите на компанијата и напорите да обезбедиме побогат избор на продукти, 24-часовна достапност до компанијата, сигурност при плаќање на премијата и навремено обештетување.

Интервјуа

Ангеловска: Долго време се запоставувал нашиот највреден капитал-луѓето, тоа го менуваме со буџетот за 2020

Објавено

на

Предлог буџетот за 2020 година, кој Владата го усвои неделава е тема на разговорот со министерката за финансии Нина Ангеловска. Таа во интервјуто за МИА посочува на инвестициите во човечкиот капитал кои имаат централно место во Предлог-буџетот за 2020 година. Наведувајќи податоци за индексот на човечкиот капитал во земјава во однос на развиените земји и земјите од регионот вели дека порано долго време се запоставувал нашиот највреден капитал-луѓето. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју АЛЕКСАНДАР ИЉОВ: Користете ја апликацијата HalkEco и придонесете за ново засадено дрво и намалена емисија на CO2

Објавено

на

Халкбанк како ЕКО ориентирана компанија која низ годините на своето постоење применува бројни ЕКО политики. Во последните 8 години Банката има финансирано повеќе од 6.000 вакви проекти во износ од 36,6 милиони евра. Досега, намалената емисија на јаглероден диоксид е за 37 илјади тони годишно, а со истите проекти се заштедени 130.000 MW/h електрична енергија. Последен ЕКО проект кој неодамна беше промовиран е мобилната апликација HalkEko којашто претставува  иновативно решение со кое, доколку се користи, значително може да придонесе за зачувување на животната средина. Со апликацијата се стимулирани пешачењето, трчањето, возењето велосипед или тротинет, особено во периоди од денот кога има најголем сообраќај. За секои поминати 80 километри, Халкбанк презема обврска да засади едно дрво. Првата акција за садење на 152 дрвја веќе беше организирана, а така ќе продолжи и во иднина. За апликацијата, нејзините цели и ефекти зборуваме со Александар Иљов, директор на секторот за маркетинг во Халкбанк.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со членовите на Управниот одбор на Винер Лајф: Пазарот на животно осигурување продолжува со трендот на двоцифрен раст

Објавено

на

Денес, 1ви ноември се одбележува Денот на осигурувањето како долгогодишна традиција која е исполнета со бројни активности за зголемување на свесноста за важноста на осигурувањето. Овој ден треба да ги извади на површина сите најнови и најатрактивни продукти на осигурителните компании, со цел клиентите да бидат подобро информирани и запознаени како да ги задоволат своите потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange