Connect with us

Интервјуа

Интервју ВИКТОР СТОЈКОСКИ: Е-трговијата е крвоток на државата за време на оваа пандемија

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија е прва и единствена асоцијација која се стреми кон инклузивна е-трговија со основна цел да креира иднина за раст и развој на е-трговијата во Република Северна Македонија. Асоцијацијата има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија како и сите засегнати компании и организации, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. 

На тема е-трговија во време на пандемија со коронавирус и функционирањето на компаниите кои нудат онлајн продажба, активностите на Асоцијацијата за е-трговија и иницијативата “Ecommerce4ALL” која се реализира со поддршка на Проект на УСАИД за развој на деловниот екосистем разговаравме со генералниот секретар на Асоцијацијата за е-трговија, Виктор Стојкоски.

Банкарство: Живееме во време на коронавирус, кое со сигурност неколкукратно го зголеми растот на е-трговијата на светско ниво и во Македонија. Кажете ни нешто повеќе, каков е фидбекот од страна на банките и трговците периодов, дали тие се соочуваат со зголемен број барања за користење на оваа услуга, осносно зголемено ниво на купување онлајн?

Виктор Стојкоски: Согласно информациите кои ги добиваме секојдневно од страна на е-трговците и банките, е-трговијата бележи навистина драстичен пораст периодов. Бизнисите се повеќе изнаоѓаат решенија како да продолжат со темпото на работа и забрзано почнуваат да ги дигитализираат процесите во нивните компании. Она што искрено не радува е дека компаниите го гледаат бенефитот од е-трговијата, ја разбираат моќта и вистински инвестираат во градење на одличен однос со нивните купувачи бидејќи свесни се дека навиките што купувачите сега ги стекнуваат, нема да престанат по завршување на пандемијата. Понудата во Македонија се зголемува драстично, а со тоа веруваме дека неколкукратно ќе порасне и прометот кој е направен преку каналите за е-продажба.

Според достапните податоци од НБРМ заклучно со 31.12.2019 година во Македонија има регистрирано 1020 е-продажни канали, односно е-трговци. Оваа година САМО во март сме имале 117 барања доставени до банките за отворање на нови е-продавници. Искрено се надеваме дека во април бројот ќе биде уште поголем споредбено со март. Па така, ако заклучно со 31.12.2019 се реализирани 6.727.051 онлајн трансакција и тие трансакции биле во вредност од 176 милиони евра, во 2020 ќе имаме навистина интересни бројки за анализа, а е-трговците дефинитивно ќе имаат огромна улога во репарирање на економските штети кои ќе настанат од COVID-19.

Банкарство: Периодов актуелно е да се работи од дома, но сепак тоа не е можно за сите компании особено не за оние кои работат со е-трговија. Тие треба да ги припремат нарачките за достава и да ги достават, па дури и во време кога на сила е ограничување на движењето. Каква е вашата порака како Асоцијација кон компаниите кои продаваат онлајн?

Виктор Стојкоски: Покрај здраствените работници, полицијата, армијата, царината, кои неуморно работат со цел да го заштитат нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, искрено сметамe дека во овој круг треба да се најдат и е-трговците, како и компаниите за испорака кои во ситуација кога светот се наоѓа во целосен карантин, неуморно работат со зголемени капацитети за навремено да може да ги испорачаат зголемениот број на пратки кои секојдневно се прават во се поголем и поголем број преку интернет. 

Кога сите сме во своите домови со нашите најблиски, е-трговците посветено работат со цел навремена достават на храна и секојдневни намирници до домашните адреси. Е-трговците во овие моменти ја заслужуваат сета поддршка. Во однос на пораката, е-трговците не само што треба да бидат во чекор со неочекуваната флуктуација и побарувачка, туку и задолжително треба да обрнуваат најголемо внимание на клиентите. Да користат фер цени и да нудат попусти, да градат врски нудејќи персонализација и да се насочат кон придобивање на што повеќе клиенти. Да бидат свесни во овој период колку се важни при градење на позитивното искуство за е-трговијата во нашата земја. Потребно е да се излезе во пресрет на потрошувачите со сериозен, искрен и чесен пристап. Навиките кои сега се градат кај купувачите, ќе останат и по завршување на пандемијата, а препорака од еден задоволен купувач е најдобрата реклама која може да ја имаат за својот бренд.

Банкарство: Вие како Асоцијација за е-трговија исто така сте активни периодов. Кои се вашите активности во моментов и што можеме да очекуваме од АЕТМ Скопје во текот на оваа календарска година?

Виктор Стојкоски: Уште од самите почетоци кога започнавме со работа нашите планови беа насочени кон тоа дека за да постои напредок, пред сѐ е потребно да се направи анализа на состојбата, да се видат кои се пречките и проблемите за подобрување на состојбата со е-трговијата, па врз база на факти да се креираат приоритети и препораки за забрзан раст и развој на индустријата. Како едни од проблемите кои се адресираа беа недоволна едукацијата, која резултираа со недоверба при купување, недостиг на дигитални вештини, немање свест за е-трговијата, како и несоодветна и недоволна понуда. И двата проблеми се тесно поврзани еден со друг бидејќи за да имаат луѓето можност да се едуцираат и да купуваат онлајн – мора да има и добра понуда за да има на што да се едуцираат, а за да има добра понуда – мора претходно добра едукација која ќе им овозможи на бизнисите лесна имплементација на е-трговијата која ќе резултира со позитивно корисничко искуство и зголемена доверба во е-трговијата. Во изминативе години главниот фокус ни беше поставен на подигнување на свеста и подобрување на едукацијата, преку повеќе едукативни настани, работни сесии, тркалезни маси, годишни конференции за е-трговија (најголеми и најпосетени во регионот). Сега, во 2020 година, откако може да се каже дека драстично се подигна свеста за е-трговијата, кога бројките за вредноста на е-трговијата секоја година покажуваат експоненцијален раст, кога луѓето се повеќе и повеќе веруваат во купување преку интернет, наша цел покрај што продолжуваме секојдевно да едуцираме – е и да овозможиме поголема понуда на пазарот со што ситуацијата со е-трговија уште повеќе би се подобрила во нашата држава.

Моментално, покрај секојдневните комуникации со членовите за подобрување на состојбата и процесите во време на COVID-19 пандемијата, со поддршка на Проект на УСАИД за развој на деловниот еко-систем под иницијативата „Ecommerce4ALL” работиме на веб платформа која ќе им овозможи на сите потенцијални, но и веќе постоечки е-трговци добро и на интерактивен начин да се запознаат со регулативата во е-трговија, што е потребно за да се отвори е-продавница, што е тоа што секој е-трговец по закон МОРА да го поседува на својата е-продавница, кои се можностите и какви се постапките за увоз и извоз во е-трговијата, какви се можностите за онлајн плаќања и имплементација на истите, какви се можностите за испорака во нашата држава и надвор од неа, на што треба да внимаваат потрошувачите и како да се одржи безбедноста на највисоко ниво, претставување и креирање на листа на легални е-продавници се со цел едукација за безбедно купување и намалување на сивата економија  и уште многу повеќе… Дополнително со поддршка на овој проект, АЕТМ финансиски и консултантски ќе поддржи отворање на нови 40 е-продавници во нашата држава со цел да се влијае на зголемување на понудата и граѓаните да имаат можност за што повеќе безбедно онлајн пазарање од легални правни ентитети. Јавниот повик за отворање на нови 40 е-продавници набрзо ќе биде објавен на веб страната на асоцијацијата. Воедно АЕТМ во рамки на овој проект подготвува и едукативни настани т.н. Learn-a-thons, каде ММСП ќе имаат можност преку едукативни настани на различни теми поврзани со е-трговијата и дигиталниот маркетинг, директно да ги подобрат дигиталните вештини и компетенции. Обучените претставници се очекува да ги применат научените вештини во нивните компании и тоа да резултира со зголемена продажба и раст на бизнисот. Нашето мото за ваквите настани е “Now I know how and I can do it”.

Банкарство: Е-трговијата бара познавање од повеќе области истовремено, со цел успешно справување со предизвиците. Кои се вашите препораки за трговците, а кои за купувачите со цел подобрување на е-трговијата во земјава?

Виктор Стојкоски: Управувањето со е-трговијата, не е воопшто едноставна работа. Таа бара меѓусекторска соработка, огромно познавање од многу полиња и многу страст. Кога компанија отвора физичка продавница, мудро избира соодветна локација и плаќа кирија и сите придружни трошоци. Атрактивноста на локацијата ќе донесе сообраќај кон продавницата што може да се спореди со „органско“ достигнување на посетители преку Интернет. Меѓутоа, во светот на интернет, не постои таква „привлечна локација“ – наместо тоа, постои оптимизација, привлечна содржина, lead generation, одлично корисничко искуство и многу други алатки што ќе што се клучни за тоа „како ќе оди продажбата”. Без соодветна стратегија за маркетинг и без вистински фокус, сите претходни инвестиции на време и ресурси за започнување со е-продавница се само потрошени. 

Потребата од е-трговија во време на светска пандемија знае да биде од помош при „органското“ достигнување на посетители и придобивка на што повеќе корисници. Но тоа не значи дека е-трговец ја завршил својата работа и сега едноставно бизнисот ќе „цвета“. Потребна е навистина многу посветена, искрена и чесна работа за задржување на тие корисници и после пандемијата. Факт е дека навиката ќе остане, но потребно е таа навика одредениот купувач да ја памети по позитивносто искуство со вашата е-продавница, за да може и понатаму во иднина да ве користи и препорачува. Е-трговците мора сериозно да си ја разберат задачата во креирањето на генералната слика за е-трговијата, бидејќи тоа е подеднакво важно за сите. Компаниите кои сѐ уште не отпочнале со е-трговија, час поскоро е потребно да започнат да размислуваат глобално и да ја отворат можноста за нов продажен канал во нивниот бизнис. Со е-трговија нивниот пазар може да биде и целиот свет. 

Потрошувачите да бидат внимателни и да не купуваат од нелегални продавници кои функционираат единствено на социјалните мрежи. Ако се нови купувачи, задолжително да ги проверуваат компаниите и да бараат информации за правниот субјект кој стои зад веб продавницата, да проверуваат дали има достапна веб страна за конкретната продавница, како и основни контакт податоци (телефонски број, е-маил адреса) со цел да се уверат дека станува збор за официјална е-продавница. Нелегалната е-трговија е сива-економија, а за подобрување на состојбата и излегување од кризата, потребно е и заеднички да се грижиме за економијата, да купуваме онлајн од легални правни ентитети и добро проверени е-продавници.

За крај, сметам добро е да се знае дека само со инклузивен пристап можеме да изградиме е-општество, а е-трговијата да биде составен дел од таквото општество.

Банкарство: Дали може да се извлечат клучни поенти, кога е во прашање е-трговијата. Кои се главните бенефити за трговците, купувачите, државата?

Виктор Стојкоски: Неизбежни се економските последици од здравствената криза која го зафати целиот свет. Но ајде да пробаме да гледаме позитивно на работите и да размислиме како таа криза заеднички може да ја пребродиме и како заеднички може да ја помогнеме економијата. Да погледнеме наназад и да видиме што се случуваше низ светот за време на глобалната финансиска криза во 2008-2010 година. Едни од клучните и водечки компании кои сега се од огромно значење за економијата во Америка, се основаа токму по глобалната финансиска криза од пред 10тина години. Станува збор за “startup” бизниси кои сега вредат милијарди. 

Jan Koum & Brian Acton ветераните на Yahoo, во 2009 година ја создадоа апликацијата за криптирани пораки WhatsApp со цел за луѓето низ целиот свет брзо меѓусебно да комуницираат. WhatsApp што сега брои околу 2 милијарди корисници низ целиот свет, беше купена од Facebook за 19 милијарди американски долари.

Во 2010 година од инженерите Kevin Systrom & Mike Krieger беше создадена апликацијата Instagram, која моментално има над 120 милиони корисници и истата беше купена од Facebook во 2012 година за 1 милијарда американски долари.

Во 2010 година бизнисмените Travis Kalanick & Garrett Camp ја основаат апликацијата UBER откако не можеле да најдат такси возило во една студена ноќ во Париз. Сега компанијата е со процената вредност од 47 милијарди американски долари. Тука се и Slack & Pinterest кои се со проценлива вредност од 15.9 милијарди, односно 8.6 милијарди американски долари.

Баш поради овие причини сметам дека луѓето во време на криза треба да размислуваат револуционерно и претприемачки и фокусот на мозокот да го постават на тоа како да се победи и како да се излезе од оваа криза попаметен, помудар, побогат и можеби поуспешен. Време е да престанеме вината секогаш да ја бараме во околината, затоа што околината може да остане непромената, ако не се тргне од себе си кон промена на истата. Секоја идеја има своја вредност и со многу посветена работа на истата може да се придонесе кон решение на било каков проблем – кој потоа несомнено може да стане и одличен бизнис, бидејќи за мене бизнисот е решавање на проблемите. Сведоци сме дека во периодов е-трговијата бележи голем раст и искрено сметам дека инвестирање во бизнис кој е тесно поврзан со е-трговијата, со посветена работа и следење на тредновите, брзо реагирање и чесен и искрен пристап кон купувачите – може да биде вистински чекор за пресрврт и брз раст на сите. Така наместо 2020 да биде COVID година, нека биде година на нови приоритети и предизвици, па од оваа криза да се гордееме и со наши успешни “startup” приказни кои ќе бидат потпора на нашата економија во годините кои следат.

Интервјуа

Како Комерцијална банка #РаботиОдДома

Објавено

на

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Мошне интересно е да се забележи дека светските и европските банкарски корпорации се прилагодуваат на “новото нормално” и применуваат промени во работењето согласно предизвиците кои ги наложува пандемијата. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Маја Кадиевска-Војновиќ: Финтек индустријата во Македонија и улогата на небанкарскиот финансиски сектор во Северна Македонија и проекции за натамошен раст

Објавено

на

Маја Кадиевска Војновиќ е ангажирана како предавач на Американ Колеџ – Скопје. Својата професионална кариера ја започна во 2003 година во Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во Дирекцијата за монетарна политика и истажување, кадешто држеше различни позиции, а во периодот од 2011-2018 година беше вицегувернер задолжен за Секторот на операции на финансиски пазари и платни системи. Во своето шеснаесет годишно искуство како централен банкар, на почетокот од својата кариера беше еден од основоположниците на макроекономските проекции на НБРМ. Како вицегувернер, активно беше вклучена во креирањето и спроведувањето на монетарна политика, во управувањето со девизните резерви и билансот на Централната банка. Учествуваше активно на годишните собранија на ММФ и Светска банка и при мисиите со меѓународните финансиски институции и кредит рејтинг агенции. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју БЕРНД АХАЦ: Секоја криза претставува закана, но и можност…

Објавено

на

Г-динот Бернд Ахац, Член на Управниот одбор на Винер Лајф, со својот одличен менаџерски потенцијал и долгогодишното искуство во финансиите, успеа да внесе австриски шмек во компанијата која беше основана во 2010 година и за само неколку години од неа да создаде една од најдобрите и најпрепознатливи компании за животно осигурување во Р.Северна Македонија, која во својата палета нуди широк спектар на производи кои што се достапни и прифатливи за секој граѓанин. (more…)

Продолжи со читање

Популарно