Connect with us

Домашни банки

Интеграција на Охридска банка со Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Собранието на акционери на Охридска банка АД Скопје и Собранието на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на 5 октомври донесоа одлуки за отпочнување интеграција на двете банки. На двете собранија се донесоа одлуки за отпочнување на постапката за присоединување пред Народната банка на Република Северна Македонија.

Целокупниот имот и обврски на Охридска банка ќе се пренесат во замена на акции од Шпаркасе Банка Македонија, без спроведување процес на ликвидација. Акционерите на Охридска банка ќе се стекнат со акции на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во сооднос што ќе биде пресметан во согласност со применливата регулатива и утврден во Спогодбата за присоединување.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за целите на размената, ќе ја зголеми основната главнина со издавање на акции преку приватна понуда, во согласност со применливата регулатива за вршење статусни промени.

За целите на присоединувањето, надзорните одбори на двете банки ќе склучат Спогодба за присоединување, која ќе ги содржи податоците предвидени со Законот за трговските друштва. Спогодбата за присоединување ќе стане полноважна по одобрувањето од Собранијата на акционери на двете банки, а по претходно добиена дозвола за статусна промена од Гувернерот на Народната банка.

„Сакаме да воспоставиме стабилна и добро капитализирана банка со пазарен удел од над 12%. Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ е посветена да ја поддржи економијата во Северна Македонија, да биде доверлив партнер, бидејќи ние сме долгорочен стратешки партнер во Северна Македонија. Комбинираната банка со нејзиното искуство и сеопфатност ќе претставува силен партнер и за интернационалните и за компании и инвеститори од ЕУ што се активни во Северна Македонија. Со интеграцијата на двете банки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, ние ќе бидеме една од водечките универзални банки во Република Северна Македонија“, изјави Георг Бухер, член на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Објавено

на

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Популарно