Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Кредити

Инстант кредит со електронско одобрување – нов иновативен производ на ТТК Банка

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје нуди нов иновативен кредитен производ: Инстант кредит, со целосно автоматизиран процес на анализа и проверка на критериумите за одобрување на кредитот.

Засега производот е достапен за корисниците на електронското банкарство на ТТК Банка АД Скопје кои, едноставно, брзо имаат можност да обезбедат дополнителни средства до 60.000 денари, со рок на отплата до 12 месеци, со фиксна каматна стапка од 5,9% годишно, без трошоци за аплицирање и администрирање, без меница и без административна забрана.

Инстант кредитот во целост ја поедноставува и ја зголемува ефикасноста на постапката за одобрување кредит којашто се одвива во неколку фази: онлајн aплицирање за кредитот преку услугата – електронско банкарство, автоматизирана системска проверка и одобрување на кредитот; електронско известување за одобрување на кредитот преку СМС порака и е-пошта; потпишување на договорот и исплата во најблиската експозитура.

Во изминатите неколку години ТТК Банка АД Скопје интензивно ги развива услугите и производите достапни преку електронското и мобилното банкарство коишто промовираат ново и подобрено корисничко искуство без временски и просторни ограничувања. Корисниците на ТТК Банка АД Скопје имаат можност да вршат моментален увид во состојбата на сметките, да вршат плаќања за пократко време и со пониски трошоци како и да орочуваат средства без доаѓање во банка. Корисниците ја препознаваат предноста и практичноста и на електронските сервиси за информирање (СМС и е-пошта) – сервис што овозможува најбрзо информирање преку СМС или на е-пошта за секоја промена и извршена трансакција што пак придонесува за поголема сигурност, безбедност и заштита при реализацијата на трансакции и истовремено до поголемо задоволство.

Корисниците на ТТК Банка АД Скопје имаат можност да вршат моментален увид во состојбата на сметките, да вршат плаќања за пократко време и со пониски трошоци како и да орочуваат средства без доаѓање во банка. 

Кредити

Супер 5 потрошувачки кредит на Капитал Банка

Објавено

на

Месец Мај е Супер за освежување на Вашиот дом или викендичка со Супер 5 кредитот на Капитал Банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кредит со осигурени побарувања како обезбедување – нов продукт од ПроКредит Банка

Објавено

на

Малите и средни претпријатија во Северна Македонија се еден од клучите двигатели на економијата. Нивниот раст и развој директно придонесува за позитивни ефекти врз стапката на вработување, конкуретноста на пазарот и зголемување на извозот. Со цел остварување на своите визии и иновативни проекти, овие компании имаат потреба од кредитирање на краткорочните ликвидносни потреби, олеснет пристап до финансии и можност за брзо кредитирање. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Како најлесно до сопствен дом? Кои чекори треба да ги поминете за да добиете станбен кредит?

Објавено

на

Кога размислуваме за својата иднина, а, секако, и за иднината на своето семејство, она што прво ни паѓа на ум е топол дом по своја мерка. Меѓутоа, не е секогаш едноставно да дојдеме до сопствен дом, но и доколку ја донесеме одлуката, прашањето што најчесто нè мачи е „од каде да почнеме?“ – избор на стан/куќа, извор на средства, кој е првиот чекор за добивање станбен кредит итн. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange