Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Иновации во осигурувањето во Македонија – Винер осигурување лансираше апликација за целосно дигитално пријавување на штети

Објавено

на

Винер Осигурување на почетокот на Април го пушти во употреба првото софтверско решение на осигурителниот пазар во државата кое нуди целосно дигитално пријавување на штети. Отсега клиентите на Винер Осигурување имаат можност преку своите компјутери и смартфони да пријават секаков вид на штета, на лесен и едноставен начин и во кое било време, со истовремено единствена можност за увид во статусот на пријавената штета.

Онлајн пријавата на штета се врши преку мобилната апликација Winner Osiguruvanje достапна на Playstore и Appstore како и преку веб платформата prijavisteta.winner.mk. Преку само неколку брзи и лесни чекори, без оглед дали штетата настанала во моментот или претходно, клиентите веднаш добиваат известување дека нивното барање се обработува.

“Во брзо и динамично општество клиентите бараат едноставен, висококвалитетен и ефективен осигурителен процес, од купувањето на полисата, до решавање на штетите. Дигитализираните корисници не сакаат чекање во ред и повеќешалтерски системи, туку нивните барања да бидат реализирани онлајн. Нашата апликација за пријава на штети им го овозможува токму тоа, следејќи го водичот за пријава да ги прикачат соодветните документи и фотографии, да добијат известувања, да го проверат статусот на штетата или пак да добијат соодветна стручна помош и совет во моментот на настанување на штетата или потребата од осигурување преку четот на Винер.

Клиентите се секогаш на врвот на нашите приоритети, па затоа апликацијата е една нова рута за обезбедување на подобра, побрза, поефикасна и посовршена услуга на сите наши клиенти без исклучок”, вели М-р Михајлов, член на Управниот одбор на компанијата, носител и креатор на ова решение.

Со дигитализацијата на производите и процесите Винер Осигурување на своите клиенти не само што им обезбеди можност да купат онлајн полиси за Автомобилска одговорност (за регистрација на возилото) и полиси за Патничко осигурување, туку и комплетна онлајн пријава на штета по сите видови на осигурување. Станувајќи пионери во државата во имплементирањето на софтверот за пријава на штети и прифаќајќи го предизвикот, Винер Осигурување го доби второто место во рамките на Xelerate програмата на Виена Иншуренс Груп која оценувајќи го проектот како успешен и значаен за Македонскиот пазар, одлучи да го финансира истиот.

Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје продолжува и понатаму со трендот на грижа за своите клиенти, и секако брзата исплата на штети со транспарентен и фер однос кон клиентите, за што говори и бројката за најмалку неисплатени штети. Пуштањето на ова апликативно решение чија цел е зголемување на задоволството на клиентите, особено на оние кои се фокусирани на онлајн комуникацијата ќе доведе и до уште помал број на неисплатени штети.

Осигурување

Дружбата со Винко и Ивце Пивце помина во фантастична атмосфера

Објавено

на

Во саботата Винер Лајф организираше настан од отворен карактер за сите мали и големи деца кои имаа желба да го запознаат малото слатко и харизматично Бувче Винко! (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Дружба со Винко и Ивце Пивце во Градски парк Скопје!

Објавено

на

Вашето дете е Вашата најголема среќа, а неговото здравје е Ваша најголема грижа! Заштитата на здравјето на Вашето дете е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите во животот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав на тримесечје ја потврдува најавата за планираната годишна добивка

Објавено

на

Во првите три месеци од 2019-та година Групацијата Триглав фактурираше 317 милиони евра бруто консолидирана премија, што е 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Консолидираната бруто добивка порасна за 8% и изнесува 29,9 милиони евра. Имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, Групацијата ја потврдува најавата за планираниот годишен резултат. Паралелно со доброто работење во осигурителната дејност, што е изразено преку поволниот комбиниран коефициент на Групацијата, Триглав го зголеми обемот на средства со кои што управува за своите клиенти. Оваа година, Групацијата продолжува да ја спроведува својата стратегија на раст и развој, успешно го заврши купувањето на друштвото АЛТА Склади и влезе на македонскиот пазар на пензиски осигурувања. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал од 2019-та година работеше добро во својата основна дејност и ја зачува лидерската позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange