Connect with us

Форекс

Иницијатива на Светската федерација на берзи „Да заѕвониме за финансиска писменост“

Објавено

на

Рекордни 78 берзи меѓу кои и Македонска берза АД Скопје ќе учествуваат годинава во иницијативата на Светската федерација на берзи „Да заѕвониме за финансиска писменост“, како поддршка на кампањата „Светската недела на инвеститорот“, во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност.

Иницијативата трае од 4 октомври до 10 октомври, при што берзите ширум светот одржуваат церемонии на ѕвонење на берзанските ѕвона, тематски работилници и настани, со цел подигање на свеста за важноста и неопходноста на финансиската писменост и инклузија и нивното влијание врз животот на луѓето.

По тој повод во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи настан на кој ќе биде најавено и воведување на наставен предмет за принципите на функционирање на пазарот на капитал што во иднина би се изучувал во дел од средните училишта.

Обраќања ќе имаат министерката за образование и наука Мила Царовска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза, а ученици од СЕПУГС „Арсениј Јовков“ ќе ги споделат своите искуства од учеството во пилот проектот „Виртуелна берза“.

Форекс

Централниот депозитар за хартии од вредност и додели плакета на Македонска берза во знак на благодарност за досегашната соработка

Објавено

на

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје оваа година прославува јубилеј од две децении постоење на македонскиот пазар на капитал. По тој повод, на Македонската берза ѝ беше доделена плакета во знак на благодарност за досегашната блиска и успешна соработка помеѓу овие две, комплементарни институции. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во септември?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.09.-30.09.2021 година вкупниот промет изнесува 615.657.953 денари и е намален за високи 78,01% во однос на претходниот месец август. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

ТУРСКАТА ВАЛУТА ТОНЕ ВО ДУПКА БЕЗ ДНО, Ердоган повторно направи чистка во централната банка

Објавено

на

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смени тројца членови на Одборот за монетарна политика на Централната банка и на нивно место назначи двајца нови членови, по што националната валута – лирата достигна рекордно најниско ниво. (more…)

Продолжи со читање



Популарно