Останато
Иницијатива на ЕЦБ за европска алтернатива на „Visa” и „Mastercard”

Европската централна банка ја поздрави иницијативата на некои од водечките банки во Европа да го истражи развојот на ривалскиот систем на плаќање што ќе ја доведе во прашање доминацијата на „Visa” и „Mastercard” и заканата од кинеските и американските „Big Tech“ компании.
Паневропската иницијатива за платни системи (Пепси), поддржана од дваесет француски и германски банки, ќе се обиде да ги процесира сите форми на безготовински трансакции.
ЕЦБ веќе долго време ја пласираше идејата за прекуграничена платен систем, кој би можела да преземе големи брендови, но досега без успех.
Говорејќи на самитот на централната банка во Брисел, членот на Управниот одбор на ЕЦБ, Беној Куре изјави: „Евросистемот ја поздравува стратешката иницијатива на големите европски банки за создавање вистинско паневропско решение за плаќање во малопродажбата што може да ја исполни визијата на нашата стратегија. Предложеното решение би се засновало на шемата на Sepa (SCT Inst) за брз трансфер на кредити, што според наше мислење е вистинскиот пристап бидејќи е ориентиран кон иднината и може да се искористи од првиот ден на постојните моќни и софистицирани модели на инфраструктура, како што е Евросистемот (TIPS).“
Беној Куре ги повикува банките што ја поддржуваат шемата да изготват јасен патоказ, се со цел да може наскоро да се започне со оредени активности.
Тој, исто така, сугерира дека централните банки го зголемуваат своето истражување за развој на дигитална валута.
„Дигиталната валута на централната банка може да донесе сигурност дека граѓаните ќе продолжат да користат пари од централната банка, дури и ако готовината не се користи повеќе“, вели членот на Управниот одбор на ЕЦБ. „Дигиталната валута од ваков вид може да има многу форми, чии придобивки и трошоци, ЕЦБ и другите централни банки во моментов ги истражуваат, со оглед на нивните пошироки импликации за финансиско посредување“, додаде за крај Беној Куре.
Останато
Мистериозен инвеститор плати 3 милијарди долари за удел во Гаспром

Рускиот нафтен гигант Гаспром доби 3 милијарди долари продавајќи удел во сопствеништвото на засега мистериозен купувач. (more…)
Останато
Според Стив Џобс, една карактеристика ги издвојува успешните луѓе од останатите

Стив Џобс имаше екстремно големи очекувања. Тој се предизвикуваше себеси, но и луѓето околу него, да работат попаметно, повеќе и потешко, така што тој, а и тие, можеа да остварат што сакаат. Џобс веруваше во моќта на пребарувањето, тој веруваше дека сите на некој соодветен начин можеме да се истакнеме во иднина. (more…)
-
Кредитипред 2 месеци
Евтини онлајн кредити – брзо, лесно и поволно
-
Банкипред 1 месец
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
-
Интервјуапред 1 месец
Интервју ГАБРИЕЛА МИЛЕНКОВИЌ [Комерцијална банка]: Кредитите за население со конкурентни услови и цени ни носат нови клиенти
-
Домашни банкипред 3 недели
Нина Неданоска именувана за Претседател на Управниот одбор на Охридска банка
-
Државна администрацијапред 4 недели
Оглас за вработување во Народна банка на Република Северна Македонија
-
Кредитипред 2 недели
Брзи кредити со месечна рата до 1400 денари
-
Домашни банкипред 4 недели
Сашка, Снежана и Дејан најдобри банкарски службеници во НЛБ Банка за 2019 година
-
Банкипред 1 месец
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје