Connect with us

Business Man

Инвестициски совети од Роберт Киосаки

Објавено

на

Американскиот бизнисмен и автор на бестселерот „Богат татко, сиромашен татко“, Роберт Киосаки, сподели инвестициски совети за инвеститорите кои деновиве бараат квалитетни инвестиции.

Киосаки, еден од најпознатите светски деловни едукатори, верува дека биткоинот напредува доста добро во последните неколку недели и предвидува дека оваа инвестиција би можела да биде „најбрзиот коњ во трката“.

„Златото порасна за 30 проценти во 2020 година, „S&P” само 3 проценти. Среброто е сè уште најдобро, сè уште 30 проценти под својата историски највисока вредност и најдобро во смисла на тоа дека е ограничено во количина, се користи во индустријата и сè уште е прифатливо за оние со помали буџети. Биткоинот е заспан. Очекувам дека тој ќе стане најбрзиот коњ“, изјави Киосаки.

Постојат заговорници и тези кои тврдат дека биткоинот веќе станал најдобра инвестиција, бележејќи раст од 70% од почетокот на годината. Ваквиот став го делат поранешниот директор за продажба на „Goldman Sachs”, Раул Пол, кој изјави дека биткоинот е подобра инвестиција од златото.

„Всушност, тоа е единствениот имот што расте. Овие не се ниту акции, ниту обврзници, ниту руди, ниту скапоцени метали… Единствената предност што ги надминува сите други во однос на перформансите е биткоинот. Дури мислам дека ова е единствената инвестиција на која треба да се фокусираме на долг рок“, изјави Пол.

Раул Пол верува дека биткоинот еден ден ќе достигне вредност од 100.000 долари.

Business Man

Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје преку известување на Македонска берза информира дека претседателот на Управниот одбор на Банката, Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Универзитетскиот професор Борче Треновски: Можен раст на каматите на кредитите, инфлацијата ќе бледнее на крај на годината

Објавено

на

Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

ТРИФУН КОСТОВСКИ ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА – објасни каде завршиле парите на штедачите од „Еуростандард банка“

Објавено

на

Бизнисменот Трифун Костовски ја одржа најавената прес-конференција на која изнесе сензитивни информации од истрагата која ја нарачал во врска со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. Костовски обвини дека парите кои биле повлекувани од неговата Еуростандард банка како кредити без покритие, во најголем дел оделе во фирми од Струмица блиски до поранешниот премиер на државата Зоран Заев. (more…)

Продолжи со читање

Популарно