Connect with us

Business Man

Инвестицискиот гуру заработил 120 милијарди долари од растот на акциите на една компанија

Објавено

на

Растот на вредноста на технолошкиот гигант „Apple” му донесе на инвестицискиот гуру Ворен Бафет, американски инвеститор и претседател на Беркшир Хатавеј, заработка од над 120 милијарди долари.

Претходната недела акциите на „Apple” пораснаа, при што компанијата надмина пазарна капитализација од три трилиони (илјада милијарди) долари.

Компанијата на Бафет почна да ги купува акциите на „Apple” во 2016 година, а до средината на 2018 година се здоби со пет проценти од акциите на производителот на iPhone, во вредност од 36 милијарди долари. Вредноста на уделот на Беркшир во „Apple” вртоглаво порасна до 2022 година и сега изнесува 160 милијарди долари бидејќи силниот раст на цената на акциите на технолошкиот гигант продолжува и во новата година.

„Без сомнение, ова е една од најуспешните инвестиции што Беркшир ги направи во последната деценија“, изјави за „CNBC”, Џејмс Шанахан, аналитичар во Едвард Џонс.

Покрај заработката од огромниот скок на цената на акциите на „Apple”, оваа инвестиција беше профитабилна за Беркшир и поради големите дивиденди кои редовно ги добиваше во износ од околу 775 милиони долари годишно, во просек.

Уделот на Беркшир во „Apple” сега сочинува повеќе од 40 отсто од капиталното портфолио на конгломератот на Бафет, според „InsiderScore”. Беркшир Хатавеј е најголемиот акционер на „Apple”, надвор од индексната кошничка на добавувачи и средства со кои се тргува на берзата.

Business Man

Универзитетскиот професор Борче Треновски: Можен раст на каматите на кредитите, инфлацијата ќе бледнее на крај на годината

Објавено

на

Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

ТРИФУН КОСТОВСКИ ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА – објасни каде завршиле парите на штедачите од „Еуростандард банка“

Објавено

на

Бизнисменот Трифун Костовски ја одржа најавената прес-конференција на која изнесе сензитивни информации од истрагата која ја нарачал во врска со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. Костовски обвини дека парите кои биле повлекувани од неговата Еуростандард банка како кредити без покритие, во најголем дел оделе во фирми од Струмица блиски до поранешниот премиер на државата Зоран Заев. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Андреја Јосифовски го зајакнува својот акционерски капитал во Макпетрол АД Скопје

Објавено

на

Фото: a1on.mk

Макпетрол АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор, се стекна со 220 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно