Connect with us

Форекс

„Инвеститорски ден“ на Македонска берза по повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание

Објавено

на

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата иницира одржување на т.н. „Инвеститорски ден“. Оваа иницијатива ја прифатија и во неа активно се вклучија Централниот депозитар за хартии од вредност и осум членки на Берзата и ЦДХВ, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

„Инвеститорскиот ден“ се одржува денес (18 септември 2020 година).

Одржувањето на „Инвеститорскиот ден“ значи дека денес на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници.

Поконкретно, на денешниот „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива, при што ќе треба да бидат исполнети следните услови:

  • Инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од подолу наведените членки на Берзата;
  • Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен;
  • Трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

Денес, сите домашни физички лица ќе можат да тргуваат со акции на Берзата, без плаќање на трансакциски трошоци, преку следните осум членки на Берзата:

  1. Еурохаус АД Скопје
  2. Инвестброкер АД Скопје
  3. Комерцијална банка АД Скопје
  4. НЛБ Банка АД Скопје
  5. Стопанска банка АД-Скопје
  6. ТТК Банка АД Скопје
  7. Шпаркасе Банка Македонија
  8. Фершпед брокер

Иницијативата „Инвеститорски ден“ има за цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.

Се планира овој настан да стане традиција на македонскиот пазар на хартии од вредност и да продолжи да се организира редовно и во иднина.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно