Анализи
Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата.
Довербата кај инвеститорите е вратена, а дополнително се зголеми и бројот на нови инвеститори, пред се благодарение на „Инвеститорскиот ден” кој го организираше Македонска берза по повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание.
На „Инвеститорскиот ден“ се склучија вкупно 339 трансакции, а вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот надмина 1 милион евра, односно изнесува повеќе од 63 милиони денари, што е пораст од 4 пати во споредба со просечниот дневен промет во БЕСТ во последниот квартал кој изнесува 15,3 милиони денари.
На последниот ден за тргување на Македонска берза, воедно и „Инвеститорскиот ден“, најголем пораст на вредноста забележаа акциите на ТТК Банка АД Скопје, зголемувајќи ја вредноста за 4,34 проценти, пред акциите на Гранит АД Скопје, кои забележаа пораст на вредноста од 2,97%.
Солиден пораст на вредноста забележаа и акциите на Макпетрол АД Скопје од 1,76%, а пораснаа и акциите на Алкалоид АД Скопје за 0,93%.
Минимален пораст на вредноста забележаа акциите на Македонски Телеком АД – Скопје, УНИБанка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје.
Минимален незначителен пад на вредноста забележаа банкарските акции на Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Стопанска банка а.д. Битола, кои ја намалија вредноста за 0,96%, 0,54% и 0,06 проценти соодветно.
Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6950 денари.
Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 52.1381 денари, британската фунта изнесува 67.5591 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.2522 денари.
Анализи
АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата. (more…)
Анализи
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство.мк спроведе истражување на тема „Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Зголемен интересот за осигурување при земање банкарски заем од приватни лица – Триглав Осигурување Живот на врвот на листата со продадени полиси за осигурување на кредитобарателите

Откако Агенцијата за супервизија во осигурувањето извести за движењата во третиот квартал од минатата година на осигурителниот сектор, Банкарство.мк направи свој краток осврт за тоа какви се резултатите на компаниите кои се грижат за сигурноста на нашите граѓани, а какви се и искуствата на клиентите, кои се нивните потреби и кое е нивото на култура за инвестирање и осигурување кај нас. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка