Connect with us

Форекс

ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО ПАНИКА, светските берзии потонаа по нападот на Русија врз Украина

Објавено

на

Азиските берзи остро паднаа денеска, додека цените на нафтата, златото и доларот нагло пораснаа по информацијата дека рускиот претседател Владимир Путин одобри специјални воени операции во украинскиот регион Донбас.

Азиско-пацифичкиот берзански индекс „MSCI”, без јапонскиот, беше утрово во минус за повеќе од 3 проценти.

На токиската берза индексот „Никеи” се намали за повеќе од 2%, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг паднаа меѓу 1 и 3,3 проценти.

„Пазарите сега сфаќаат дека Русија ќе прави што сака, со оглед на слабите санкции, а сега во цената е вклучена и инвазијата на Украина”, вели Реј Атрил, стратег во Националната австралиска банка.

„Инвеститорите стравуваат дека Европа ќе биде отсечена од рускиот гас, дека ЕУ не може да се справи со таков шок во понудата и дека ќе мора да ја ограничи побарувачката, што би било економски исцрпувачко. Повисоките цени на енергијата би можеле да го загрозат растот на глобалната економија, што е лошо за поризични инвестиции”, објаснува Атрил.

По информацијата за нападот на Украина, цената на нафтата нагло порасна. Цената на барелот на лондонскиот пазар скокна за 3,5 проценти, па за првпат од септември 2014 година се проби над психолошки важното ниво од 100 долари.

На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 4,5% на 96,20 долари.

Како што се продлабочува една од најголемите кризи во Европа по Студената војна, американските фјучерси индекси утринава остро паднаа, повеќе од 2%, најавувајќи пад на цените на акциите на Волстрит трет ден по ред.

Во претходните два дена, индексот „Dow Jones” и „S&P 500″ се намалија за повеќе од 2 проценти, а индексот „Nasdaq” за повеќе од 3 отсто. Како резултат на тоа, индексот „S&P 500″ падна длабоко во областа за корекција, повеќе од 10% под претходното рекордно ниво, додека индексот „Nasdaq” е во пад од околу 16% од почетокот на годината.

По значителниот пад во последните денови, индексот „MSCI” на светските берзи, кој ги следи случувањата на најголемите светски берзи, се лизна на најниското ниво од април минатата година.

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, а јапонскиот јен зајакна бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 96,70 поени, додека вчера беше 96,05 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 115,05 на 114,70 јени.

Но, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото падна на 1,1225 долари, додека вчера во ова време беше 1,1330 долари.

Бидејќи инвеститорите бегаат од поризични инвестиции, цената на унца злато утринава значително порасна, за 1,2 отсто, на 1.930 долари, што е највисоко ниво од јануари минатата година.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно