Connect with us

Криптовалути

Инвеститорите во биткоини можат да ги изгубат сите свои пари!?

Објавено

на

Акционерите и финансиските регулатори на Европската унија повторно издадоа предупредување за ризиците од инвестирање во криптовалути.

Во извештајот објавен во средата, Европската управа за хартии од вредност рече дека некои криптовалути се „премногу ризични и шпекулативни“.

Според регулаторот, постои ризик инвеститорите да ги загубат „сите свои пари“ затоа што инвестираат во голема мера на нерегулиран пазар.

Извештајот на ЕСМА наведува „значителни ризици“ што произлегуваат од неодамнешните рекордни нивоа на биткоинот.

Кон критиките се додава огромната потрошувачка на енергија за т.н. „копање“ на криптовалути.

Цените на криптовалутите се зголемија оваа година, со биткоинот кој се зголеми за околу 90% од почетокот на јануари, а во моментов се тргува за околу 55.000 американски долари.

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

“BITCOIN CITY” – Ел Салвадор сака да стане финансиски центар на светот!?

Објавено

на

Ел Салвадор планира да го изгради првиот „Биткоин град“ во светот, првично финансиран од обврзници поддржани од биткоини, најави претседателот на државата, Најиб Букеле. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

БАЛКАНОТ ПОЛУДЕ ПО КРИПТОВАЛУТИ – Побарувачката зголемена седумкратно, а вложуваат економисти, банкари, пензионери…

Објавено

на

Не само што светот полуде по биткоини и останати криптовалути туку и криптовалути почнаа масовно да се купуваат на Балканот, иако до неодамна дигиталните криптовалути беа табу тема. До пред само неколку месеци повеќето Балканци со незадоволство и неверување гледаа на овој „виртуелен свет“, а во моментов со криптовалути на големо се тргува и заработува. И тоа буквално сите тргуваат со криптовалути од економисти и банкари, до лекари, музичари, луѓе без работа, пензионери итн… (more…)

Продолжи со читање



Популарно