Connect with us

Форекс

Инвеститорите воздржани, еврото со вредност од 61.6953 денари

Објавено

на

Новиот бран на вирусот Ковид-19 повремено ги дестабилизираше акциите на котираните друштва на Македонска берза, бидејќи кога се чинеше дека пандемијата полека стивнува и и се гледа крајот, коронавирусот повторно зема замав, од ден на ден се повеќе се зголемува бројот на новозаболени, а со тоа дополнително се зголемуваше и неизвесноста.

Но, по договорот за датум на одржување на парламентарните избори, како и Одлуката на Владата за отворање на граничните премини внесе позитивни вибрации врз економијата. Иако, бројот на заболени е сеуште огромен, животот полека се враќа во нормала, бизнисите се враќаат на своите секојдневни рутини, а и довербата кај инвеститорите се зголемува, но тие сеуште се воздржани од поголеми инвестиции.

На последниот ден за тргување поголемиот дел од акциите на кои котираат на Македонска берза забележаа пораст на својата вредност.

Најголем пораст забележаа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, коишто ја зголемија својата вредност за 2,78 проценти.

Пораст на вредноста забележаа и акциите на Гранит АД Скопје кои ја зголемија вредноста за 1,33%, додека пак акциите на Алкалоид АД Скопје забележаа раст на вредноста од 1,10%.

Минимален раст на вредноста забележаа и акциите на Макпетрол АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.

Покрај растот, имаше и акции на котирани друштва кои загубија дел од вредноста. Најголем пад на вредноста забележаа акциите на ОКТА АД Скопје коишто ја намалија својата вредност за 2,19%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6953 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 54.9282 денари, британската фунта изнесува 68.9718 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.8267 денари.

Форекс

Доларот падна по две недели раст

Објавено

на

Доларот ја намали својата вредност во однос на корпата на валути, по двенеделен раст, во претпазливо тргување бидејќи инвеститорите се загрижени за континуираното ширење на коронавирусот во светот. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Берзата го продолжува бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

Објавено

на

Одборот на директори донесе oдлука продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО и по завршувањето на вонредната состојба, односно до 30.09.2020 година.
(more…)

Продолжи со читање

Форекс

ЕЦБ: Падот на глобалната употреба на еврото е намален, учеството на доларот е најниско во последниве две децении

Објавено

на

Глобалната употреба на еврото беше стабилна минатата година по константниот пад по должничката криза во Еврозоната, но надежите за раст на побарувачката не се оствариле, наведува ЕЦБ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно