Криптовалути
ИМА ЛИ КРАЈ НА ЕНОРМНИОТ РАСТ!? – Биткоинот достигна историски рекордна вредност

Најпознатата дигитална валута биткоин го надмина прагот од 40.000 долари, објави „Associated press“.
Најпопуларната и најстара криптовалута најпрво на 16-ти декември претходната година го проби прагот од 20.000 долари, па десет дена подоцна надмина вредност од над 25.000 долари, а на самиот старт на новата 2021 година, поточно на 2 јануари достигна вредност од 30.000 долари.
Но, тука не застана, па биткоинот само по една недела ја надмина и границата од неверојатни 40.000 долари.
Зголемената побарувачка од институционалните и корпоративните инвеститори, а од неодамна и од малопродажните инвеститори, енормно го поттикнува растот на цените на криптовалутите, а пред се на биткоинот. Инвеститорите ги привлекуваат изгледите за брз профит во светот на ултра-ниски приноси на хартии од вредност и негативни каматни стапки на централните банки, пренесува „БТА”.
За некои, биткоинот е „осигурување“ против инфлацијата во услови на огромен паричен стимул насочен кон ублажување на економските ефекти од пандемијата на коронавирусот.
Криптовалутите со помал удел на пазарот, како етериум и Екс Ар Пи (XRP), пораснаа за 1,8 проценти. Вообичаено нивниот курс оди паралелно со тој на биткоинот.
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
Криптовалути
Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)
Криптовалути
Ќе се формира нов регулатор кој ќе биде одговорен за регулирање на индустријата за криптовалути

Европската унија (ЕУ) планира да создаде шеста „организација против перење пари“ која ќе биде конкретно одговорна за регулирање на индустријата за криптовалути. (more…)
- Анализипред 3 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка
- Домашни банкипред 2 months
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година