Останато
Илон Маск: Сите луѓе треба да бидат чипирани!?

Сопственикот на моќните компании „SpaceX” и „Tesla”, контроверзниот Илон Маск, смета дека сите луѓе на планетата треба да бидат чипирани со посебен чип во главата. Тој го изрази ова мислење во напис за кинеското списание „China Cyberspace“. Во текстот, тој објасни, меѓу другото, зошто луѓето треба да се чипираат со помош на неговиот стартап „Nueralink”.
Преводот на статијата го објави Јанг Лиу, дописник на кинеската државна новинска агенција „Xinhua”, на неговиот блог.
„Neuralink се фокусира на развој на технологии за спојување на компјутерите и човечкиот мозок преку мозочни чипови со големина на монети слични на преносливи уреди како што се паметните телефони“, напиша милијардерот.
Наведено е дека чиповите „Nueralink” мора да бидат вградени во церебралниот кортекс на корисникот.
Според Маск, чипот ќе им помогне на лицата со попреченост – ја враќа моторната функција на екстремитетите кај луѓето со повреди на ‘рбетот и нарушувања на нервниот систем, а исто така ќе им овозможи на парализираните луѓе да го користат мозокот за работа со компјутери и паметни телефони.
Маск заклучува дека технологиите на неговите компании „SpaceX”, „Tesla” и „Nueralink” заедно можат да „помогнат да се постигне подобра иднина за човештвото“.
Во април минатата година, Маск се пофали со најголемото достигнување на неговата компанија „Nueralink” до сега – успешен експеримент со мајмун со чип вграден во неговиот мозок, кој може да игра одредена игра само со моќта на својата мисла.
Следното клиничко испитување на чиповите се очекува да биде кај луѓе.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер