Останато
Илон Маск продаде речиси осум милиони акции од својата компанија

Американскиот милијардер и Главeн извршен директор на компанијата „Tesla”, Илон Маск продаде акции од својата компанија за 6,9 милијарди долари. Ова е најголемата продажба досега за да се избегне распродажба на акции во последен момент во случај да биде принуден да продолжи со договорот за купување на „Twitter”.
Главниот извршен директор на „Tesla“ на 5 август продаде околу 7,92 милиони акции, а по повод шпекулациите за причините за продажбата на акциите, Маск преку социјалните мрежи изјави дека сакал да спречи панична продажба на акции доколку тој беше принуден да го заврши преземањето на „Twitter” за 44 милијарди долари од кои се откажа минатиот месец.
На прашањето на неговите следбеници на социјалната мрежа дали завршил со продажбата на акциите на „Tesla“ и дали повторно би ги купил доколку не се склучи договорот за преземање на „Twitter”, тој кратко одговори: „Да“.
Продажбата доаѓа само четири месеци откако Маск, најбогатиот човек на светот, изјави дека не планира да продава повеќе акции во компанијата што ја изгради во глобален лидер во електрични возила, откако претходно располагаше со акции во вредност од 8,5 милијарди долари по неговата првична понуди за купување на „Twitter”.
Оттогаш, акциите на „Tesla“ закрепнаа од најниските падови што ги достигнаа во мај, помогнати од општиот нагорен тренд на акциите на Волстрит.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје