Business Man
ИЛОН МАСК ПРАВИ ИСТОРИЈА – станува првиот трилионер во светот!?


Извршниот директор на „Tesla”, Илон Маск, би можел да стане првиот трилионер во светот благодарение на неговата компанија „Space-X”, смета аналитичарот Морган Стенли.
Маск во моментов е втор најбогатиот човек во светот со имот вреден 151 милијарда долари, веднаш зад лидерот Џеф Безос чиешто богатство се проценува на 177 милијарди долари.
Најголем дел од богатството, Илон Маск и го должи на својата компанија „Tesla”, која произведува електрични автомобили, но благодарение на подемот на „Space-X” во вселенското истражување и вселенскиот туризам, прашање на време е кога ќе стане првиот билионер во светот и убедливо најбогат човек, предвидуваат аналитичарите.
Морган Стенли, аналитичар во финансиската корпорација „Adam Jones”, рече дека од самиот почеток во 2002 година, „Space-X” ги поместува границите и роковите на можното, кога станува збор за ракети, возила за лансирање и инфраструктура.
„Ниту еден клиент не вели дека ако Илон Маск стане првиот билионер, тоа нема да биде поради „Tesla”. Но,многумина сметаат дека „Space-X” ќе стане највредната компанија во светот, во кој било индустриски сектор“, вели Џонс во неговата анализа за „SpaceX Escape Velocity… Кој може да ги фати?“.
„Space-X” го трансформираше начинот на кој светот го гледа вселенското истражување. Летовите во вселената, кои досега беа реткост и за кои требаше долго време да се подготват и да имаат многу среќа, во последните неколку месеци станаа уште една забава за богатите и влијателните. Ова во голема мера се должи на „Space-X”, бидејќи таа компанија беше првата што излезе со идеја за ракети кои можат да се користат повеќе од еднаш.
Ваквите ракети сега речиси станаа реалност, така што цената на летовите во вселената е значително помала, во рамките на буџетот на најбогатите.
Џонс верува дека „Space-X” може да биде лидер во многу ниши, без разлика дали се работи за вселенска инфраструктура, истражување на вселената или набљудување на Земјата.
Проектот за сателитски интернет „Starlink” исто така ќе биде клучен за растот на компанијата.
Џонс проценува дека „Space-X” вреди 200 милијарди долари. Маск поседува 48 проценти од компанијата.
Business Man
Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје
Business Man
Руски банкар ја осуди „безумната“ војна во Украина


Рускиот милијардер и банкар Олег Тинков, основачот на интернет-банката „Tinkoff Bank“, на Инстаграм ја осуди оваа „безумна“ руска војна во Украина. (more…)
Business Man
НОВА ГОЛЕМА КРИЗА НА ПОВИДОК!? – Бил Гејтс ги продава акциите, знае ли нешто што другите не го знаат?


Бил Гејтс предизвика внимание со некои од неговите последни потези на берзите – тој продава голем дел од своите акции и го менува фокусот на инвестициите, што дел од експертите го гледаат како сигнал за нова можна криза на финансиските пазари. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје