Connect with us

Криптовалути

Илон Маск потврди дека го поддржува биткоинот како криптовалута

Објавено

на

Извршниот директор на „Тесла”, милијардерот Илон Маск, претходната недела на својот профил на Твитер додаде хаштаг # биткоин, а цената на најпознатата светска криптовалута порасна за високи 20 проценти после тоа.

Завчера, во разговор за популарната аудио апликација „Clubhouse”, тој јавно потврди дека го поддржува биткоинот.

„Морам да внимавам што ќе кажам затоа што овие работи навистина можат да го придвижат пазарот“, рече Маск. „Многу пријатели се обидоа да ме убедат долгорочно да се занимавам со биткоини“, додаде тој.

„Мислам дека тоа е добра работа и го поддржувам биткоинот“, рече тој и додаде дека нема посебно мислење за другите криптовалути.

„Мислам дека биткоинот е на прагот да добие пошироко прифаќање кај конвенционалните луѓе во светот на финансиите“, изјави Маск.

Сепак, за разлика од претходно, и покрај неговите изјави, немаше позначително придвижување на криптоберзите. Биткоинот и догкоинот дури и ја намалија својата вредност по изјавите на Илон Маск, пренесува „CNBC“.

Криптовалути

Која е причината за високиот пад на вредноста на биткоинот?

Објавено

на

Цената на Биткоин падна за дури 15 проценти во неделата откако пред само неколку дена постигнa нова рекордна вредност од 65.000 долари. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

НБА гигант ќе исплаќа плати во биткоини

Објавено

на

Играчите и тренерите на НБА кошаркарскиот тим, Сакраменто Кингс ќе можат да ги примаат своите плати во биткоини, објави сопственикот на клубот. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Пазарната капитализација на криптовалутите се ближи до рекордни 2 трилиони долари

Објавено

на

Пазарната капитализација на сите криптовалути денес за прв пат се приближи на нивото од рекорни два трилиони (2.000 милијарди) долари. (more…)

Продолжи со читање




Популарно