Connect with us

Компании

Илон Маск не се откажува од идејата за нова фабрика во Германија која ќе вработи 10.500 работници

Објавено

на

Фабриката на „Tesla“ во Германија, за која се подготвува градилиште во Грунхаид, ќе вработи 10.500 работници, а со полн капацитет ќе се произведуваат половина милион автомобили годишно, пренесува „SEEbiz“.

Сепак, изградбата на фабриката, која треба да заврши до јули 2021 година, сè уште не е одобрена.

Апликацијата на „Tesla” за добивање дозвола за работа содржи различни информации за бројот на вработените во три смени. Се зборува за вработување на 12.000 директни работни места. Според податоците од индустриските кругови, меѓу 3.000 и 3.500 вработени ќе работат во една смена, додека пак преостанатите ќе работат во три смени дневно.

„Tesla” исчисти дел од областа на сопствен ризик и се подготвува за градба. Апликацијата за одобрение за градење покажува дека компанијата ги проценува трошоците за изградба на околу една милијарда евра. Доколку биде издадено одобрение за градба, градежните работи треба да траат до најдоцна до март 2021 година. Почетокот на работните активности е планиран за јули 2021 година.

Критичарите стравуваат дека фабриката ќе има негативни последици по животната средина. Досега се примени 373 поплаки, а граѓаните до 3 септември, сè уште можат да поднесат приговори и поплаки на барањето за одобрение за градба.

Главните забелешки на еколозите се дека целиот проект се наоѓа на погрешно место, односно дека станува збор за област на заштита на водата и заштитена животна средина среде недопрена природа.

Компании

Оглас за вработување во ВИНЕР ЛАЈФ

Објавено

на

ВИНЕР ЛАЈФ  како компанија го цени трудот на своите вработени, нивниот начин на размислување и работа. Успех на компанијата е резултат на многубројните идеи на успешниот тим на вработени. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 25.11.2020 година распишува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ:

Финансиски советник за животно осигурување (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Популарно