Connect with us

Останато

Илон Маск направи драма на Твитер: Се тестирав четирипати во еден ден – два теста позитивни, два негативни

Објавено

на

Технолошкиот магнат и сопственик на  „Tesla“ и „Spice X“ Илон Маск вели дека „најверојатно има умерен тип на ковид-19“, но дека добива доста различни резултатите од тестовите во различни лаборатории.

Четириесет и деветгодишниот Маск, на Твитер објави дека има симптоми на „блага настинка“. Тој во петокот објави дека 4 пати се тестирал во еден ден, и притоа добил два позитивни и два негативни теста, а бил тестиран на истиот принцип со истите тестови. Тој кажа дека правел брзи антиген тестови, а сега чекал резултати од ПЦР тестови од други лаборатории.

ПЦР тестот се смета за златен стандард од епидемиолозите и е најкористен во целиот свет.  Американската Агенција за храна и лекови овој месец ги извести лабораториите и здравствените институции дека кај брзите антиген тестови може да се појават лажни позитивни резултати.

Маск, кој има 40 милиони следбеници на Твитер, опишувајќи ги симптомите, напиша: „Се чувстувам омалкасано, како вообичаена настинка, но со повеќе болки во телото и вртоглавици отколку кашлање или кивање“.

Досега во САД, од ковид-19 заболеа 10,9 милиони луѓе, починаа над 245 илјади, а околу 67 илјади се хоспитализирани.

Останато

Јавна расправа за Законот за буџети: Се воведуваат фискални правила и фискален совет за поголема контрола на јавните финансии

Објавено

на

Поставување на фискални правила и воспоставување на Фискален совет – во насока на поголема контрола, среднорочно буџетирање и воспоставување на интегриран систем за управување со јавни финансии-во насока на подобро планирање, креирање на регистар на јавни субјекти и зголемување на транспарентноста се дел од одредбите од новиот Предлог-закон за буџети. Денека на јавната расправа која се одржа во Министерството за финансии, на која учествуваше министерот за финансии Фатмир Бесими, преставници на Светска банка, ММФ и Европската комисија, како и претставници на експертската јавност, на стопанските комори и на невладините организации, беше дискутиран овој нов закон и предлозите кои биле доставени на ЕНЕР и имплементирани во законот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Шпанија воведува четиридневна работна недела!?

Објавено

на

Шпанската влада разгледува можност за воведување четиридневна работна недела, односно скреатено работно време, за да не дојде до пад на вработеноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Стапката на невработеност во третиот квартал изнесува 16,5%

Објавено

на

Стапката на невработеност во земјата заклучно со третиот квартал изнесува 16,5 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Популарно