Connect with us

Останато

Илон Маск го напаѓа тронот – во моментов е побогат од Зукерберг, а повеќе заработи и од Безос

Објавено

на

Богатството на американскиот бизнисмен од Силиконската долина Илон Маск надмина 100 милијарди долари, што го направи еден од тројцата најбогати луѓе во светот, објави „Forbes“ на својата листа на милијардери.

Маск е третиот по богатство човек на светот, симнувајќи го Марк Зукерберг на четврто место и правејќи разлика од околу 5 милијарди долари (115 милијарди) пред богатството на основачот на „Facebook” (110 милијарди).

49-годишниот Маск годинава имаше раст на нето вредноста од 87,8 милијарди долари, главно благодарејќи на 500% раст на цената на акциите на неговата компанија „Tesla”. Благодарејќи на неверојатниот договор за плата, богатството на Маск би можело да порасне за дополнителни 50 милијарди долари доколку сите цели се исполнети.

Акциите на „Tesla” се појавија на пазарот во 2010 година по цена од 17 американски долари, а денес достигнаа рекордни 2.318,49 долари.

Во исто време пазарната вредност на „Tesla” изнесува 464 милијарди долари со што ја надминува вредноста на „Wallmart”, најголемата американска компанија по приходи.

Со скокот на вредноста на акциите, Маск влезе во ексклузивниот клуб на милијардери со вредност над 100 милијарди долари, во кој освен него се Зукерберг, Гејтс и Безос.

Прв на листата во ова друштво со над 200 милијарди долари е Џеф Безос, а по него е Бил Гејтс.

Останато

Евростат: БДП на еврозоната зголемен за два проценти во однос на првиот квартал

Објавено

на

Според првата проценка на статистичката служба на ЕУ објавена претходната недела, бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми за два проценти во периодот од април до јуни во споредба со првиот квартал годинава. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Поштите на Србија и Северна Македонија потпишаа Протокол за деловна соработка во рамките на „Отворен Балкан”

Објавено

на

Директорите на Поштите на Србија и Северна Македонија, Зоран Ѓорѓевиќ и Јани Макрадули во Белград потпишаа Протокол за деловна соработка, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Донесен ребалансот на Буџетот, повеќе финансии за поддршка на стопанството и граѓаните

Објавено

на

Собранието во текот на вчерашниот ден со 56 гласови „за” и 37 „против”, го донесе ребаланост на Буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом. (more…)

Продолжи со читање

Популарно