Business Man
Илон Маск го зголеми своето богатство за неверојатни 100 милијарди долари оваа година


Финансиските извештаи од целиот свет пред неколку години укажуваа на зголемување на јазот меѓу богатите и сиромашните и на последиците за општеството од тоа.
Додека целиот свет е насочен кон човечките жртви на пандемијата на Ковид-19 и процесот на развој на вакцините, економските стручњаци ширум светот изразуваат голема загриженост за засега непредвидливите економски последици предизвикани од нарушување во многу деловни сектори.
Но, кој рече дека во пандемија не може да се заработи?
Додека илјадници луѓе во светот останаа без работа или со драстично намалени приходи има и такви кои енормно го зголемија своето богатство. Некои дури и неколкукратно го зголемија своето и онака големо богатство. Таков е случајот со технолошкиот магнат и сопственик на „Tesla“ и „Spice X“, Илон Маск кој оваа година го зголеми своето богатство за над 100 милијарди долари, што го направи еден од тројцата најбогати луѓе во светот, објави „Forbes“ на својата листа на милијардери.
Во моментов е втор најбогат човек во светот, надминувајќи го најпознатиот член на оваа листа, Бил Гејтс. Илон Маск во моментов се наоѓа веднаш зад сопственикот на компанијата „Amazon”, Џеф Безос, кој веќе подолг период се наоѓа на врвот на листата на најбогати луѓе на светот.
Маск го мина и познатиот инвеститор Ворен Бафет и многу други. Овој податок е уште поимпресивен ако се има предвид дека Маск беше „само“ 28-ми на листата на најбогатите на почетокот на годинава со богатство од 32 милијарди.
Маск се покажа како вистински лидер, како претставник на новата, млада технолошка генерација, игнорирајќи ги сите негативни прогнози, кој направи чекор подалеку од сите други – тој го освои просторот со неговата компанија „Spice X“.
Сите предвидувања за успех и во иднина, засега, се на страната на Илон Маск.
Business Man
Живко Мукаетов се стекна со нови 600 акции од Алкалоид АД Скопје


Првиот човек на нашата најголема фармацевтска компанија, генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, г-н Живко Мукаетов се стекна со 600 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје, известува компанијата преку објава на Македонска берза. (more…)
Business Man
Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје
Business Man
Руски банкар ја осуди „безумната“ војна во Украина


Рускиот милијардер и банкар Олег Тинков, основачот на интернет-банката „Tinkoff Bank“, на Инстаграм ја осуди оваа „безумна“ руска војна во Украина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје