Connect with us

Компании

Илирика Инвестментс АД Скопје оствари добивка од 4,7 милиони денари во 2019 година

Објавено

на

Илирика Инвестментс АД Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2019 година.

Во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година, Илирика Инвестментс АД Скопје оствари добивка по оданочување од 4,7 милиони денари, покажуваат основните финансиски податоци на компанијата за 2019 година објавени на Македонската Берза.

Вкупните приходи на Илирика Инвестментс АД Скопје за претходната година изнесувале 21,7 милиони денари, додека пак нето готовинскиот тек изнесува 7,6 милиони денари.

Компании

Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата низ Македонија

Објавено

на

Македонски Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата на целата територија на Македонија. Во тек е интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Драматични загуби на некогаш најбогатиот Кинез

Објавено

на

Акциите на „Алибаба“ незапирливо паѓаат на берзите, а поради тоа драматично се топи богатството на некогаш најбогатиот Кинез Џек Ма. Милијардерот изгубил околу 30 милијарди долари во изминатата година и моментално тежи “само” 38,6 милијарди, наспроти максималното негово богатство од 66,6 милијарди долари кога акциите на неговата компанија „Alibaba“ на берзите беа едни од најскапите и најбараните. (more…)

Продолжи со читање

Компании

ГАЗДА ОД СОНИШТАТА – Живко Мукаетов ќе дава месечен додаток од 1.000 денари за децата на вработените во Алкалоид

Објавено

на

Човечките ресурси се еден од најцврстите столбови на 85-годишниот раст и развој на алкалоидовата успешна приказна, а грижата за вработените е еден од врвните приоритети на компанијата. Во базата на „Алкалоид“ во Скопје има над 2.000 вработени, па посебен предизвик, како и во секоја успешна и амбициозна компанија, е да се одржи високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности, особено во услови на функционирање исполнети со голем број непредвидливи економски, политички и пандемиски аспекти. (more…)

Продолжи со читање


Популарно