Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Business Woman

Илина Вељановска: Sozdadi.com претставува платформа за водење сопствен бизнис!

Објавено

на

Sozdadi.com е прва платформа за поддршка на претприемништвото која работи низ целиот регион. Преку продажба и промоција на ракотворби и домашни производи, ваквата платформа има за цел да ги интегрира знаењето и креативноста како основен човечки ресурс и потенцијал и воеднo претставува инспирација за започнување на свој сопствен бизнис.

Платформата е ориентирана кон заедницата, каде секој продавач добива безбеден простор, во кој ќе креира своја сопствена онлајн продавница и преку неа ќе го развива своето хоби или домашен производ.

На Sozdadi.com купувачот може да најде уникатни ракотворби изработени со многу љубов, директна конекција со продавачите, како и регионални домашни производи.

Иновативноста се состои во тоа што производителите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис преку евтин, а ефективен маркетинг и преку поддржување на креативни проекти во рамки на платформата.

Ова го прави sozdadi.com една од најуспешните приказни во доменот на социјалното претприемништво.

За да ја доловиме важноста за поддршка за развој на сопствен бизнис во Македонија, зборуваме со Илина Вељановска, основач на платформата.

Банкарство: Која е Илина на приватен и професионален план?

Илина: Јас не сум од оние кои сметаат дека успехот е предуслов за среќа. Напротив, сметам дека среќата е услов за успех. На професионален план сум дипломиран правник, Претседател на Асоцијацијата за лидерство Скопје, претприемач и ментор во рамки на наградата за социјално претприемништво (СИА Македонија), со четири годишно работно искуство во невладиниот сектор. На приватен план сум девојка која обожува слободното време да го поминува на планина/ во природа со своите миленичиња, поборник за здрав живот, голем сонувач и авантурист. Млад човек со огромна желба, визија и мисија да креира подобро општество за себе и за идните генерации. Сметам дека и покрај работните обврски, секогаш треба да најдеме време за нашите најблиски, за патување, и за работите кои ги сакаме и ги уживаме.

Банкарство: Која беше Вашата главна инспирација за да го почнете бизнисот?

Илина: Проактивноста и желбата за враќање нешто добро кон заедницата беа главните мотиватори за започнување со приказната наречена социјално претприемништво. Sozdadi.com не ја гледам единствено како онлајн продавница, туку како локална заедница, која става акцент на зачувување на културата, иновација во поглед на промовирање на домашни производи и секако можност за видливост на истите.

Банкарство: Покрај претприемач, Вие сте и хумана личност. Како ги споивте хуманитарните активности и бизнисот? 

Илина: Уште од основно училиште волонтирам во разни организации и работам на проекти кои се однесуваат на заштита на човекови права, но и благосостојба и борба за правата на животните, а потоа истото го преточив и во своја професија, во оној момент кога сфатив дека можам значително да придонесам за поголем социјален импакт, врз основа на досегашното знаење и искуство стекнато преку работење во сферата на социјална правда. Во една земја во развој, каква што е Република Македонија, секојдневно се соочуваме со голем број на општествени проблеми, за кои нужно е изнаоѓање на долготрајни и структурни решенија.

Банкарство: Што значи да си претприемач во Македонија и на Балканот?

Илина: Претприемништвото според мене подразбира ПРОМЕНА и самата промена се случува со нас или поради нас. Да се биде претприемач во Република Македонија и Балканот, само по себе бара висок степен на емоционална интелигенција, со оглед да треба континуирано да веруваме во себе и својата визија, дури и кога се чини невозможно.

Банкарство: Кои се Вашите идни планови?

Илина: Моите планови секогаш вклучуваат континуирано учење, но себеси се сметам за исклучително среќна линост, со оглед да имам можност и да го споделувам тоа знаење како предавач при разни младински програми и интернационални конференции.

Business Man

Challenger: Бизнисите да се приклучат на платформата за да бидат „зелени“

Објавено

на

Challenger е новата мобилна апликација за која мора да знаете, бидејќи кога ќе биде лансирана не смеете никако да ја пропуштите. Challenger е нов македонски стартап кој сака преку мобилна апликација да ги менува здравите навики на македонските граѓани, повеќе да поминуваат „зелени“ километри, да собираат поени, а со тоа и соодветни награди и признанија. Исто така Challenger сака да ги поттикне на општествена одговорност компаниите и институциите со цел да се креира нова зелена маркетинг платформа која ќе нуди многу предности. За начинот на кој функционираат како стартап, за пристапот до финансии за развој на идејата и техничкото решение, како и за тоа што ќе понуди апликацијата разговаравме со Теодора, Стефан, Олга и Митко од Challenger.

Што е Challenger? За кратко време успеавте да соберете многу внимание од јавноста која очекува многу интересен проект, особено пред почетокот на зимата кога се враќаат темите за загадувањето и проблемите со здравјето на луѓето?

Challenger e мобилна апликација за сите кои сакаат да добијат некоја награда за своите поминати зелени километри (пешки или на велосипед). Ние сакаме да ги предизвикаме нашите сограѓани, независно дали млади, студенти, родители, возрасни, активисти, оние кои се движат, кои сакаат да бидат промената во ова општество, или пак оние на кои им недостасува поттик да поминат километар повеќе, па и онаа група на луѓе кои се веќе наши локални еко супер херои.

Challenger ќе функционира на следниот начин:

1.Поминатите километри со пешачење или пак додека возите велосипед се претвораат во  Challenger поени
2. Challenger поените се заменуваат со кодови за попусти или пак бесплатни производи/услуги
3. Challenger е начин заедно да се избориме за почист воздух, да го намалиме секојдневниот сообраќаен метеж, затоа поставуваме предизвици (дневни,неделни или месечни) и за секое успешно исполнување се добиваат директни награди

Веројатно тоа што го привлече вниманието на јавноста, на наша голема среќа, е токму пристапот на нашето решение, а тоа е дека само како заедница на граѓани, бизниси и организации може да направиме промени. Затоа сакаме сите да ги повикаме да ни се приклучат во остварувањето на нашата цел, и заедно да бидеме дел од решението на аерозагадувањето, а не од проблемот.

Кој стои зад Challenger, може да ни раскажете како се склопи тимот и успевате ли да ја усогласите вашата визија, колку е голем предизвикот да се работи на ваков проект?

Приказната на Challenger започна на минатогодишниот StartupWeekend Скопје. Кога ќе се свртиме наназад сфаќаме дека работиме заедно веќе година дена, и тоа ни се чини нереално, бидејќи времето лета, како вчера да бевме во CeedHub. Еуфоријата која ја добивме не мотивираше да продолжиме првите месеци. Потоа дојдоа вистинските предизвици, кој од нас ќе продолжи да работи, како да го оформиме производот, да решиме во кој правец ќе продолжиме…. Процесот беше далеку од лесен, но едно е факт сите сме заљубени во Challenger, едноставно сонуваме да успее. Веројатно тој жар кај сите е тоа што не натера да аплицираме на различни натпревари каде што добивме и признанија. На кратко позади идејата на Challenger се Теодора, Стефан, Олга и Митко, кои воедно се основачи и на компанијата GreenIT. Наскоро ќе објавуваме и интересни текстови од нашиот тим, односно како се справувавме со нашите предизвици, избор на технологија, како ние го гледаме нашиот тим итн., така да следете го нашиот блог на www.challenger.mk 🙂

Кои ќе бидат главните цели на Challenger и како очекувате да се вклучи бизнис секторот во вашата приказна?

Главната цел на Challenger e да биде платформа преку која ќе се создава една општествено одговорна – зелена заедница, каде што луѓето развиваат навики да користат алтернативни методи на транспорт, а од друга страна локалните бизниси го подржуваат ова однесување.

Challenger е единствена платформа преку која бизнисите ќе можат да се вклучат на трендот, да бидат препознаени како зелени бизниси. На кратко бизнисите ќе може да спонзорираат предизвици и за истите да даваат директни награди на учесниците кои успешно го исполниле тој предизвик. Дополнително во нашата Challenger продавница бизнисите може да поставуваат бесплатни, или кодови за попуст за своите услуги и производи, а со самото тоа стимулираат и општествено одговорно однесување помеѓу своите сограѓани.

Ние велиме, времето да се биде ЗЕЛЕН бизнис е СЕГА, затоа им овозможуваме на бизнисите алатка без да трошат дополнителни ресурси.

Имате ли искуство со наоѓање на финансии од банкарскиот сектор, дали е тоа чекор на кој ќе треба да работите и што очекувате?

Во изминатиот период бевме во инкубациска програма подржана од банка, каде што се одборува кредит со ниска каматна стапка. Поради фактот дека сме на самиот почеток и се трудиме да го испробаме нашиот бизнис модел на пазарот, се уште не сме подготвени за подвиг на добивање финансии од банкарскиот сектор. Како нов startup, гледаме рационално и ефективно да ги користиме ресурсите кои ни се на располагање, па затоа се пријавуваме на различни настани каде што можеме да добиеме грантови или ко-финансирања. Се разбира кога ќе дојде моментот на експанзија и влегување на други пазари, тогаш финансиите од банкарскиот сектор ќе бидат потребни, но во овој момент се трудиме да најдеме алтернативни начини.

Како иновативен стартап модел дали Challenger го гледате на регионалниот и глобалниот пазар и што мислите за конкуренцијата?

Challenger е дефинитивно модел кој лесно се реплицира, и нашата првенствена замисла е Challenger да биде препознатлива алатка на Балканскиот пазар, со цел да ја развиеме Challenger и во другите Европски држави. За наша среќа на регионалниот пазар не постојат слични апликации како нашата, па конкуренцијата е занемарлива. Но, гледајќи го европскиот и глобален пазар, има апликации кои се веќе етаблирани и функционираат одлично во одредени држави, така да конкуренцијата таму е прилично силна. Се разбира, многу е рано да зборуваме за влегување на европски и светски пазари, додека не ја етаблираме Challenger на домашниот, па потоа и на регионалниот пазар. Затоа сакаме да ги имплементираме нашите планови чекор по чекор, и да оставиме пазарот и времето да ни покажат во која насока треба да се развиваме.

Продолжи со читање

Business Woman

Која е Кристалина Иванова Георгиева, новата директорка на ММФ?

Објавено

на

Кристалина Иванова Георгиева-Кинова родена на 13 август 1953 година е бугарски економист која неодамна дојде на чело на Меѓународниот монетарен фонд. Исто така, таа е главен извршен директор на Светската банка од 2017 година. Кристалина Иванова беше вршител на должноста претседател на Групата на Светска банка од 1. февруари 2019 до 8. април 2019 година. Таа претходно беше заменик претседател на Европската комисија под Жан-Клод Јункер од 2014 година до 2016 година. (more…)

Продолжи со читање

Business Woman

Бојана Иванов и Елеонора Црвенкоска: Babyshop.mk е првата специјализирана онлајн продавница за деца и родители

Објавено

на

Бојана Иванов и Елеонора Црвенкоска се двете мајки кои стојат зад првата специјализирана онлајн продавница за деца во Македонија. Во овој заеднички проект тие ги сплотиле љубовта и грижата кон своите деца и желбата за успех и реализација на сопствен бизнис. Така се роди онлајн продавницата за деца и родители, Babyshop.mk (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange