Connect with us

Останато

ИКТ компаниите прават голем исчекор напред со приклучување кон професионалните пензиски шеми

Објавено

на

Моќта и ефектите од работата на ИКТ секторот и компаниите во него сé повеќе расте и се зголемува. Како што се одвива дигитализацијата на македонските компании, така се зголемува и потребата од ИКТ компании, а тоа го следи и бројноста на истите. За растот на овој сектор зборуваат и бројките – од 1700 компании со ИКТ примарна дејност во 2017 година, веќе во следната 2018 бројот на ИКТ компании регистрирани во државата се зголемил на 2308. Истите лани вработувале 13.514 лица, а целиот сектор остварил приходи од 779,437,621 eвра.

Но, исто така, ИКТ компаниите според структурата и начинот на оперативност, повторно се предводник во појава што е препорачана за сите компании, а ефектот е предност и за компанијата и за вработените. ИКТ секторот може да направи голем исчекор напред во зацврстување на својата позиција на пазарот со приклучување кон професионалната доброволна пензиска шема.

„Како сектор нашата моќ во креирањето на економската слика на земјата станува се позначајна од аспект што со профилот кој го претставуваме и технолошкиот напредок што го носиме, односно дигитализацијата, стануваме неопходни за сите компании. ИКТ сектор располага со динамична работна сила и тука пазарот на трудот работи онака како што треба, но сепак проблем за оваа индустрија е честиот одлив на квалитетниот кадар. Затоа, менаџерите почнаа да применуваат дополнителни алатки за стимулирање на вработените и нивно задржување на подолг рок. Со плаќање во доброволниот трет пензиски столб за своите вработени, тие ги наградуваат своите вработени, но исто така, што е многу поценето од вработените – ги уверуваат за иднината и за заедничкиот развој и напредок“, вели Анита Никова, извршен директор на МАСИТ, за влегувањето на компаниите од овој сектор во третиот доброволен пензиски столб.

Професионалната доброволна пензиска шема, според познавачите, нуди предности и за компаниите и за вработените. Тоа е патот до посреќни и позадоволни вработени, така што тие се наградени преку уплата во доброволниот, трет пензиски фонд, што носи поволности и за компаниите. А сите поволности од уплати во третиот пензиски фонд како и бенефициите и за вработените и за компаниите, произлегуваат од законската регулатива.

„Кога фирмата вложува и се залага за вработените на подолг рок, дека се грижи на нивната иднина откако веќе нема да бидат продуктивни и конкурентни на пазарот на трудот, тогаш ќе ги добие најсреќните и најлојални вработени, а притоа, компанијата не е никако условена или оданочена. Врз основа на сето ова, доброволниот, трет пензиски столб станува се поатрактивен токму за компаниите од ИКТ индустријата“, дополнува Никова.

Третиот пензиски столб покрај професионалната пензиска шема, каде компанијата уплаќа за вработените, нуди можност и за индивидуална уплата, односно индивидуална сметка каде граѓанинот уплаќа за самиот себе и тоа кога сака и колку сака.

Средствата од доброволниот, трет пензиски фонд се вложуваат во обврзници, депозити, акции во странство или Етф-и и фондови кои во својата структура имаат акции, обврзници или други финансиски инструменти и се тргуваат на берза, во парични средства и во акции во компании од домашната берза.

Останато

Кликни Јади маркет со достава од 35 – 65 минути за време на полициски час!

Објавено

на

Кликни Јади е најголемата платформа за нарачка и достава на храна во Скопје, со над 40.000 корисници и партнерска мрежа од над 170 ресторани. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Австралија падна во рецесија по 29 години

Објавено

на

Австралија влезе во својата прва рецесија после 29 години, потврди министерот за финансии, откако заводот за статистика го објави падот на економијата во првиот квартал. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Продажбата на мало во еврозоната намалена за 11,7 проценти во април

Објавено

на

Прометот на малопродажбата во еврозоната бележи значителен пад во април, при што опадна куповната моќ речиси на сите производи, вклучително и храна и пијалоци, бидејќи ограничувањата за движење поради коронавирусот беа во сила во текот на целиот месец.
(more…)

Продолжи со читање

Популарно