Connect with us

Останато

ИКТ заедницата порачува: со здрава дигитализација до економска стабилност

Објавено

на

Теми поврзани со динамичната сегашност Internet of things, Cloud services, Cyber Security … преовладаа на настанот, а во правец на подобро позиционирање на македонскaта ИКТ индустрија на светскиот пазар и зголемување на можноста за уште поголем извоз на ИКТ услугите.

,,Конструктивни решенија за здрава и ефикасна дигитализација на сите бизнис и општествени процеси се најдобриот начин за подобрување на економската, социјалната и општата состојба во државата” – е клучната порака на коференција на МАСИТ: „Дигитална трансформација во Македонија, предизвик или реалност?“.

Конференцијата ја отвори Горан Попоски, Претседател на Управен Одбор на МАСИТ, кој во своето обраќање се осврна на одговорноста на МАСИТ да ги поттикнува сите страни: бизнис, регулатива и граѓански сектор кон дигитална трансформација која ја исполнува преку проекти и промени. Но, исто така потенцираше дека ова значи и промена на начинот на живеење.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во улога на клучен говорник на конференцијата истакна дека ,,дигиталната трансформација е пред се процес на реформа на која резултатот треба да е прогрес. Тоа се однесува на корпоративниот сектор но и администрацијата која пред се треба да е сервис и клиент ориентирана. Во моментов Владата работи на национален портал за електронски услуги за физички лица и бизниси, каталог на услуги за добивање на услуги на едно место, акдемија за cyber безбедност, усвојување на стратегија за отворени податоци и други проекти за трансформирање на  општеството,,.

Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија  – Вилем Ваутер Пломп во рамки на официјалното отварање се обрати до ИКТ заедницата со порака: ,,лесен влез пазарот, леснотија на работа и комуницирање и врвни кадри веќе привлекоа холандски инвеститори за влезат на македонскиот пазар. Направивме и студија за ИКТ можности за развој на регионот која ќе ја презентираме на меѓународен пазар. Ова е само еден од многуте докази за важноста на овој регион и пазар,,.

Во рамки на трите сесии Internet of Things, Cloud computing cyber security, претставници од ИКТ индустријата ги претставија своите активности, проекти и успешни приказни на овие теми. На конференцијата присуствуваше и Антонис Монокрусос – висок претставник од групацијата Oracle, кој го заокружи воведниот панел со поентата дека живееме во извонреден трансформативен процес на 4тата индустриска револуција која наметнува промени во нашето однесување, комуницирање, едуцирање и работење, процеси кои се присутни и во нашата земја.

На конференцијата се изнесоа поенти кои понаму ќе водат кон позитивни процеси за промени во сите општествени сфери.

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, работејќи во насока на интересите на македонските ИКТ компании, постојано ги следи актуелните и светските трендови кои ги адресира преку низа на проекти и настани дискусии и промени во ИКТ дејноста и глобализирање на домашната индустрија.

Останато

Студентите и младите инженери ќе го подобруваат образованието

Објавено

на

Бордот на Европски студенти на технологија (БЕСТ) Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија потпишаа Меморандум за соработка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Русија има се повеќе милијардери

Објавено

на

Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Кредит Суис. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Комисијата за хартии од вредност во работна посета на Комисијата за хартии од вредност на Словенија

Објавено

на

Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија заедно со Комисионерката Лиле Делиџакова на 11 октомври, 2018 година беа во работна посета на Агенцијата за пазар на хартии од вредност на  Република Словенија во Љубљана.

Директорот на Агенцијата за пазар на хартии од вредност Г-дин Милош Час  имаше воведно обраќање во кое ги отслика пазарните движења и состојби во Словенија и изрази подготвеност со сите ресурси да и помогне и да ја поддржи  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија при нејзиниот информатичко-технолошки  развој и унапредување на капацитетите.

Потоа, беа реализирани неколку работни сесии со Стручните лица кои го изработиле нивниот Информатички систем за известување и обработка на податоци, преку кој овластените учесници на пазарот ги доставуваат своите финансиски и нефинансиски известувања, кои потоа на соодветен начин и во специфичен формат се обработуваат за потребите на регулаторот.

Овој  систем  содржи компонента за размена на информации и податоци поврзани со трговски трансакции кои се случуваат на пазарите на капитал на сите држави членки на ЕСМА.

Ваквата работна посета која  претставува уште еден  чекор за зајакнување на односите меѓу двете институции  беше договорена уште при првата средба на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити  со нејзинот словенечки колега  Г-дин Милош Час која што  се реализираше  на 27 јуни, 2018 година во Љубљана.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange