Connect with us

Компании

„Икеа“ се вклучува во борбата против загадувањето на воздухот

Објавено

на

Шведскиот ланец на продавници за мебел, „Икеа“, ќе почне со производство на продукти од земјоделски отпад во обид да им помогне на жителите на најзагадените градови во светот полесно да дишат.
Со оглед на тоа дека оризовата слама е еден од најголемите придонесувачи за загадувањето на воздухот во земјите како Индија, „Икеа“ ќе ја откупува од фармерите и ќе ја користи како материја за декорација. Имено, за да се исчисти просторот во фармите пред новата сезона, фармерите палат по неколку тони посев и така создаваат огромни количини штетни честички кои ја загадуваат околината. Анализите покажувааат дека само овој месец дури 33 отсто од вкупното загадување во Њу Делхи е предизвикано од запален посев.

Затоа „Икеа“ ја започна иницијативата „Подобар воздух сега“ (Better Air Now), со цел создавање на модел кој ќе го намали загадувањето на воздухот во најголемите градови во светот. Со оглед на тоа дека Њу Делхи е еден од најзагадените градови во светот, иницијативата започнува токму од таму, а подоцна ќе се прошири и во други градови и држави. „Икеа“ веќе соработува со индиската влада, непрофитни организации и други компании на забрзувањето на иницијативата, а првиот прототип на производ од оризова слама би требало да биде прикажан до крајот на оваа година. Се очекува во продажба да биде пуштен до 2020 година. Таа година шведскиот производител на мебел ќе престане да продава пластични сламки, а до 2030 година во производството ќе користи само обновливи и рециклирани материјали.

Компании

Amazon продавниците без каси и касиери стигнуваат и во Европа

Објавено

на

Празниците се најдоброто време кога ја разбираме потребата за онлајн купување, затоа што гужвите низ продавниците се огромни. Дури и да го најдете тоа што ви треба за кратко време, сигурно ќе “заглавите„ на каса. Amazon е првиот бренд кој успеал да отвори продавница во која нема каси. Ваквиот концепт ќе станува се популарен во иднина.  (more…)

Продолжи со читање

Компании

Credissimo со број 1 клиентска услуга во онлајн кредитирањето и уште многу Новогодишни изненадувања

Објавено

на

Со титулата “Најдобра услуга“ помеѓу компаниите за брзи кредити се здоби Credissimo, само 2 години откако официјално ја започна својата дејност во Македонија. Истражувањето за квалитетот на клиентската услуга, помеѓу небанкарските финансиски друштва во државата – “Таен клиент“, беше спроведено меѓу 5-те најпопуларни компании од секторот, кои нудат брзи кредити онлајн. Со идентични прашања и критериуми, беа направени 15 проверки за квалитет, љубезност, информираност и прозрачност кон клиентот по телефон, од страна на една од најголемите интернационални агенции за маркертинг истражувања – IPSOS, која има над 50 интернационални претставништа и е класирана во топ 5 компании за истражувачки услуги во светот. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Прогласени десетте добитници на престижното признание – Македонски квалитет 2018

Објавено

на

Во присуство на брojни гости, традиционално во рамки на манифестацијата Македонски Квалитет, беа прогласени десетте добитници на престижното признание за 2018 година, кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот на Република Македонија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange