Connect with us

Осигурување

Изјава на АСО за активности за ублажување на влијанието на коронавирусот врз осигурителниот сектор

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување будно ги следи состојбите во осигурителниот сектор и потенцијалните ризици кои може да влијаат на осигурителниот сектор како резултат на ширење на вирусот КОВИД-19. Истовремено, Агенцијата на дневна основа ги следи и препораките за намалување на ризиците, последиците и ефектите врз осигурителните пазар на Европското регулаторно тело EIOPA,  а кои може да се применат на македонскиот осигурителен пазар и супервизија.

Советот на експерти одржа седница на ден 20 март 2020 година со која претседаваше претседателот на Советот на експерти, г. Крсте Шајноски.  Советот на експерти ја разгледа состојбата во осигурителниот сектор во контекст на актуелните случувања со ширење на вирусот КОВИД – 19.

Последните прибрани квартални податоци доставени со состојба 31.12.2019 година и спроведените вонтеренски супервизии на Агенцијата потврдуваат дека осигурителниот сектор е стабилен.

Во насока на оперативно олеснување на работењето на друштвата за осигурување и останатите субјекти на пазарот на осигурување во услови на вонредна состојба, Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување заклучи:

1.  Се одложува започнување на прекршочни постапки спрема субјектите на супервизија;

2. Се одложува спроведувањето на претходно планираните теренски супервизии на друштвата за осигурување и останатите субјекти на супервизија;

3. Се овозможува флексибилност во доставувањето на редовните извештаи кои субјектите на супервизија имаат обврска да ги достават до Агенцијата во периодот на траење на вонредната состојба во државата, со можност истите да се достават во дополнителен рок од 30 дена од законски утврдениот роки;

4. Им се наложува на субјектите на супервизија да ги преземат сите можни мерки за одржување на нивниот капитал  и солвентност  во насока на целосна заштита на правата на осигурениците;

5. Се препорачува субјектите на супервизија да се воздржат од распределба на добивката на друштвата во форма на дивиденда или други бонуси спрема членови на органи на управување како и воздржување од трошење на средствата на друштвата на непродуктивни расходи, во периодот додека трае кризата;

6. Се препорачува друштвата за осигурување да бидат свесни за околностите во кои се наоѓаат клиентите и да постапуваат правилно со нив во текот на целиот циклус почнувајќи од побарување, купување на производот/услугата, и обновување на договорот;

7. Се одложува организирање на обуки и испити за застапници во осигурување и осигурителни брокери.

Агенцијата продолжува континуирано да ја следи состојбата и да презема соодветни мерки неопходни за намалување на негативното влијание врз стабилноста на осигурителниот пазар и заштитата на правата на осигурениците.

Редовно ќе ја продолжи комуникацијата со Владата, Министерството за финансии, со осигурителниот сектор, Здужението на осигурители и Асоцијацијата на осигурително брокерски друштва во рамки на Стопанската комора и останатите релевантни институции и редовно ќе ја информира јавноста за преземање на нови активности и дејсвија.

Осигурување

Триглав со добри резултати во 2019 година

Објавено

на

Надзорниот совет на Заваровалница Триглав на седницата одржана на 30.03.2020 година го потврди ревидираниот годишен извештај на Групацијата Триглав и на матичното друштво за 2019-та година. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

„Кроациа осигурување – Живот АД Скопје“ – Индивидуално осигурување на животот

Објавено

на

Живееме во чудни денови за кои до скоро не можевме ни да помислиме дека би се случиле кај нас. Изолација, затворање на компании и губење на работни места, како и несигурност на нашата иднина и иднината на нашите најблиски. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

АСО со известување до корисниците на осигурителни производи и услуги во врска со појавата на коронавирусот

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување ги повикува корисниците на осигурителни производи и услуги да обрнат посебно внимание на условите за осигурување согласно кои го склучиле договорот за осигурување, (полисата) а со оглед на можното исклучување на обврската на осигурителот во случај на прогласена пандемија на коронавирус од страна на Светската здравствена организација и прогласување на вонредна состојба во Република Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно