Connect with us

Останато

Измени на правилата за тргување на берзата

Објавено

на

Од понеделникот (06.08.2018) започна примената на измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Берзата за кои е добиена согласност од одборот на директори на Берзата, базирана на одлуката бр.02-829/1 од 19.06.2018 година за измени и дополнувања на Правилата за тргување и Решението на Комисијата за хартии од вредност бр.УП1 08-32 од 16.07.2018 година.

Со новите услови во коишто се врши поврзувањето на членките и Берзата, се извршија измени и дополнувања во Глава X од Правилата за тргување, со кои што се регулира начинот на обезбедување на комуникација и се регулира постапувањето во случај на нефункционирање на комуникациските водови помеѓу членките и Берзата.

Истовремено, со оваа Одлука се врши измена во член 59, став 6 од Правилата, со која се предвидува подетално уредување на можноста за користење на т.н. специјален ден на порамнување.

Пречистениот текст на Правилата за тргување може да се најде на интернет страницата на Берзата.

Останато

Стопанска комора: Поквалитетно формално образование и без предрасуди кон средното стручно

Објавено

на

Да се зголеми квалитетот на формалното образование, а неформалното да овозможи побрзо приспособување кон барањата и потребите на пазарот на трудот, апелира Стопанската комора на Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Преку веб-платформата „Граѓански буџет“, граѓаните ќе имаат увид во Буџетот на РМ

Објавено

на

Буџетот на Република Македонија станува уште подостапен до граѓаните преку веб-платформата изработена од победниците на ФинХакатонот. Како што беше истакнато денеска на прес-конференција во Министерството за финансии, граѓаните ќе ги дели само еден клик до сите информации за приходите и расходите во буџетот. На овој начин буџетот ќе им стане подостапен на граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Исправни се мерките за одржливоста на пензиите, социјалната еднаквост и поддршка на вработеноста

Објавено

на

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд која го одржа завршниот состанок во Министерството за финансии, оценува дека е исправно што Предлог-буџетот за 2019 година е фокусиран на оддржливоста на пензискиот систем, промовирањето на социјалната еднаквост и поддршката на вработеноста. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange