Connect with us

Домашни банки

Измени на Законот за банките: УЈП да добива податоци за приходите на даночните обврзници без поднесување на поединечно барање

Објавено

на

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за банките. Целта на измените, велат од Министерството, е овозможување Управата за јавни приходи да подготвува пополнети даночни пријави и овозможување Царинската управа да извршува решенија за присилна наплата.

Според Законот за банките, Управата за јавни приходи може да има увид во податоците и информациите со кои располагаат банките само врз основа на писмено барање кое се поднесува за секое поединечно физичко лице. Управата за јавни приходи од 2019 година ќе започне да изготвува даночна пријава за секој даночен обврзник. Заради поедноставување на постапката, Управата за јавни приходи има потреба да добива податоци за остварените приходи на даночните обврзници по сите основи, без поднесување на поединечно барање, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Дополнително, Царинската управа има потреба од податоци за трансакциската сметка на граѓаните заради спроведување на законската обврска за присилна наплата на царинските давачки“, посочуваат од Министерството за финансии.

Домашни банки

Адора го зголеми своето учество во Комерцијална Банка

Објавено

на

Комерцијална банка извести дека во изминатиот период преку берзански транскации правното лице Адора Инженерниг се стекна со дополнителни акции издадени од Комерцијална банка.

Во моментов. заклучно со 20.07.2018 година, заедно со поврзаните акции од претходните купувања има учество од 10,1% во основната главнина на Комерцијална банка, пишува во соопштението на берза.

 

Продолжи со читање

Домашни банки

Изложбата „Играчки и роботи “ – дел од Скопско лето 2018 се отвора во НЛБ Галерија

Објавено

на

Во рамки на „Скопско лето“ 2018, на 20.7.2018 година со почеток од 20.30 часот во НЛБ Галеријата ќе биде отворена изложбата „ИГРАЧКИ И РОБОТИ КАКО ЛИКОВНА ИНСПИРАЦИЈА“. Идеен творец на постојката е академскиот скулптор и сликар Лепосава Милошевиќ Сибиновиќ – Лепа од Србија, а изложените дела се од 94 автори од целиот свет.

Милошевиќ Сибиновиќ која гостува благодарение на соработката со ДЛУМ вели: „Човечката потреба за играње, стара колку и човекот, е поврзана со разни предмети, од едноставни, пронајдени во животната средина, до комплексни современи електронски уреди. Играчките се неразделен предмет при растењето кои најмногу го задржуваат детското внимание. 

Во исто време, тие се културен показател за животната средина и времето во кое биле (постоеле) или се се уште актуелни. Малиот човек се идентификува со својот омилен предмет, а честопати во подоцнежните години го чува како симбол на вечен спомен од детството.

Во директен контакт со играчките, се стекнува искуство и вештина, се развива имагинацијата, негува желбата за надминување на пречките, се поттикнува натпреварувачкиот дух но и креативен потенцијал. Сето ова од суштинско значење за разбирање на емоционална и психолошка состојба на детето, за подоцна да станат „потпорен столб” во животот и неговото создавање. Детската игра, длабоко врежаниот запис, исфилтриран низ призма на авторски размислувања, преточен на интригантен материјал како што е пергаментот.
Користејќи ги класичните ликовни медиуми: цртеж, графика, сликарки и комбинирани техники, голем број учесници ги “развиле” своите филмови со посебен емотивен набој, што резултира со интересни визуелни рефлексии. Книги, реализирани од различни авторски поетики, блиски на детскиот начин на гледање на нештата, преку реалистични сцени, асоцијативни па се до најапстрактни.“

Продолжи со читање

Домашни банки

Најповолна провизија за НЛБ Интергрупациските плаќања за правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали провизиите за правни лица за меѓународни девизни плаќања во рамки на банките членки на НЛБ Групацијата (Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина,Косово, Република Српска). Провизијата за Лоро и Ностро дознаки изнесува 5 ЕУР (SHA/BEN опција) , додека провизијата за Ностро дознаки со OUR опција е намалена и изнесува 10 ЕУР.

 

Овие провизии се со важност до 30.06.2019 година и се однесуваат за електронски плаќања извршени помеѓу банките во рамки на НЛБ Групацијата, без разлика на износот на трансакцијата и без SWIFT трошоци.

 

Повеќе информации клиентите можат да добијат во најблиската експозитура на Банката, на контакт телефон 02 / 15 – 600 или на следниот линк.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange