Форекс
Измени и дополнувања на Правилата за тргување на Македонска берза


Одборот на директори на Македонска берза, на седницата одржана на 28.01.2022 година, донесе Одлука за измени и дополнувања на Правилата за тргување на Македонска берза, за која е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност со Решение бр. УП1 08-6 од 09.02.2022 година.
Главниот дел на овие измени и дополнувања е во насока на воведување на нова верзија на БЕСТ системот која содржи нови видови на налози за тргување („пазарен во лимитиран налог“ и „стоп налог“), кои ќе им овозможат на клиентите подобро реализирање на нивните инвестициски цели на пазарот. Воедно се вршат и измени во поглед на максималниот рок на важност на налозите за тргување (истиот се скратува од 90 дена на 30 дена) и се врши укинување на налогот по најповолна цена.
Воедно, се вршат измени и дополнувања во Анекс 3 на Правилата за тргување, во делот кој се однесува на постапката при продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда во поглед на допрецизирање на определувањето на моделот за продажба, начинот на определување на продажната цена, како и прецизирање на постапката при јавна понуда при нова емисија и при продажба на сопствени акции за која не е потребна претходна согласност од КХВ. Исто така, измени и дополнувања се вршат на Анекс 2 и Анекс 4 од Правилата, во насока на предвидување на посебни услови за стекнување на акции од страна на купувачите во јавна берзанска аукција на акции во сопственост на државата и јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети.
Покрај наведеното, се вршат и неколку измени и дополнувања од техничка природа.
Форекс
Пад на акциите на европските берзи во пресрет на седницата на ЕЦБ


Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната. (more…)
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во мај?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.05.-31.05.2021 година вкупниот промет изнесува 577.516.979 денари и е намален за високи 40,11% во однос на претходниот месец април. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје