Connect with us

Компании

Измени во органите на управување и раководење на Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс груп

Објавено

на

Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс груп преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување и раководење.

„Поради исполнување на услови за старосна пензија мандатот на Ристо Секуловски, член на управниот одбор на Друштвото, престана на ден 30.06.2022 година. Поради престанок на мандатот на Секуловски, Надзорниот одбор на Друштвото пристапи кон избор на нов член на Управниот одбор, при што за член на одборот е избрана Татјана Димов”, се вели во соопштението на Друштвото.

Мандатот на Татјана Димов започнува по добивање на соодветна согласност од страна на Агенција за супервизија на осигурување и по уписот на предметната промена во Трговскиот регистар што се води при Централниот Регистар, информираат од компанијата.

Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс груп во моментов го сочинуваат:

  • Бошко Андов – Претседател на Управен одбор;
  • Весна Ѓорчева – Член на Управен одбор;
  • Татјана Димов – Член на Управен одбор;

Компании

Претставување на словенечките работодавачи во Скопје

Објавено

на

Во соработка со Амбасадата на РС во Скопје, на 7 и 8 јуни, од 10 до 17 часот организираме претставување на словенечките работодавачи во Скопје (хотел Хилтон) и во Битола (Културно-информативен центар – Офицерски дом). Миграцијата на работната сила станува се повеќе дел од нашето секојдневие. Прогнозите велат дека бројот на странски работници ќе продолжи да расте и во иднина. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав

Објавено

на

По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои дванаесет на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на Триглав Осигурување Живот. Надзорнот Одбор на Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. (more…)

Продолжи со читање

Популарно