Connect with us

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.

„Ве известуваме дека на ден 29.5.2020 година проф. д-р Тито Беличанец поднесе писмена оставка од член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, заклучно со 30.6.2020 година.

Професорот д-р Тито Беличанец е член на Надзорниот одбор на Банката од нејзиното основање во 1993 година. Со својот професионален, стручен и активен ангажман во годините што изминаа, остава значаен позитивен придонес во изградбата на еден модерно корпоративно управуван економски субјект како што е ТТК Банка АД Скопје денес.

Мисијата на ТТК Банка АД Скопје да создава вредности за нејзините комитенти, акционери и вработени на која професорот Беличанец беше целосно посветен, останува и понатаму главното мото на кое се заснова нашата стратегија во работењето.

Во оваа прилика, ТТК Банка АД Скопје ја изразува својата благодарност кон проф. д-р Тито Беличанец за досегашното членство во Надзорниот одбор на Банката и му посакува и понатаму да остане активен во претставувањето на своите идеи за изградбата на модерните корпоративни вредности на субјектите во македонската економија.”, се вели во соопштението на ТТК Банка.

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка засади дрвја во знак на успешна реализација на GEFF програмата за финансирање зелена економија

Објавено

на

Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав. (more…)

Продолжи со читање



Популарно