Connect with us

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.

„Ве известуваме дека од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-ѓа Андреја Стражишар да биде именувана за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат од 4 (четири) години почнувајќи од 30.08.2021.

Воедно, Ве известуваме дека од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија се издадени и Решенија со кои се издава претходна согласност на Г-дин Блаж Бродњак, Г-дин Борут Вујчич и Г-ѓа Кристина Ковачич Бјелајац да бидат повторно именувани за членови на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со нов мандат од 4 (четири) години.”, – се вели во соопштението на Банката.

Надзорниот одбор на НЛБ Банката во моментов го сочинуваат:

  • Блаж Бродњак – Претседател на Надзорен одбор
  • Марјета Звер Цанкар – Заменик претседател на Надзорен одбор
  • Борут Вујчич – Член на Надзорен одбор
  • Кристина Ковачич Бјелајац – член на Надзорен одбор
  • Зоран Јовановски – Независен член на Надзорен одбор
  • Матеја Тревен – Независен член на Надзорен одбор
  • Андреја Стражишар – Член на Надзорен одбор

Домашни банки

Откријте ги сите придобивки од трансформацијата на вашиот паметен телефон во паричник

Објавено

на

Во денешниот свет, паметните телефони станаа суштински дел од нашите животи. Ги користиме за да комуницираме, да фотографираме, да гледаме видеа, да купуваме онлајн. Но, дали сте знаеле дека вашиот смартфон можете да го користите и како паричник? Со развојот на технологијата за мобилно плаќање сега можеме да го користиме паметниот телефон за сигурни трансакции кај трговците кои користат ПОС-терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Атрактивна кредитна понуда од Комерцијална банка на Саемот на мебел

Објавено

на

Уредувањето на домот е вистинско уживање кога на едно место добивате богата понуда на мебел и атрактивни кредитни производи. Токму тоа ви го овозможуваат Комерцијална банка и Скопски саем на претстојниот Саем на мебел, кој се враќа со целата своја атрактивност и со саемските попусти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

Објавено

на

На 17 март, со потпишувањето на два договори за купопродажба на акции меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светската банка, се постави основата за промена на составот на главната акционерска база на ProCredit Holding AG & Co. KGaA (ПроКредит Холдинг). (more…)

Продолжи со читање

Популарно