НБРМ
Изложба по повод 25 години од монетарното осамостојување на Македонија


Во чест на 25-годишниот јубилеј од монетарното осамостојување на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија, во соработка со Народниот музеј на Словенија, ќе биде домаќин на гостувачката изложба Златен прав на љубљанските уметници Билјана Унковска-Спанзел, Рудолф Спанзел и Доријан Спанзел.
Оваа изложба ќе биде поставена во ликовната галерија на „НЛБ Банка“, а ќе биде отворена денеска во 19 часот.
Таа претставува омаж на уметничкото творештво на тројца сликари со крајно засебни авторски белези, коишто ги карактеризира и една значајна феноменолошка пресечна точка: дизајнирање парични средства и користење парични средства како медиум за создавање уметнички дела.
Соодветно е да се нагласи дека во рамките на одбележувањето на значајниот јубилеј од создавањето на македонската национална валута во самостојна Македонија, во периодот до 31 мај 2017 година, пошироката јавност ќе има посебна можност одблиску да се запознае со уметничкиот опус на Билјана Унковска, автор на тековното издание на македонски книжни пари.
Оваа изложба, која словенечката јавност имаше можност да ја види минатата година, е уште една манифестација за традиционалните културни врски помеѓу двата пријателски народа.
НБРМ
Народната банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75%


На 10 мај 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
(more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем обезбедува солидна поддршка во целиот пандемичен период


Со помош на соодветно поставената банкарска регулатива и создадените заштитни механизми во изминатиот период, домашниот банкарски сектор остана во добра кондиција во текот на овие две години, кога домашната економија се соочува со неколку шокови со негативно влијание. Така, кредитниот раст воопшто не забави, како што се случувало во претходни кризни епизоди. Напротив, тој умерено забрза, со тоа што од втората половина од минатата година се забележува поголема поддршка на корпоративниот сектор, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Марили. (more…)
НБРМ
Анкета на Народната банка: Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“


Речиси 90% од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, покажува најновата Анкета за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година. Само 40% од банките и штедилниците имаат воведено нови производи и услуги како реакција на климатските промени. Сепак, 80% од испитаниците одговориле дека размислуваат да воведат вакви производи. Зелените кредити одобрени во приватниот сектор во 2021 година забележале раст за 2,7% во споредба со претходната година. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје