Connect with us

Домашни банки

Изложбата „Играчки и роботи “ – дел од Скопско лето 2018 се отвора во НЛБ Галерија

Објавено

на

Во рамки на „Скопско лето“ 2018, на 20.7.2018 година со почеток од 20.30 часот во НЛБ Галеријата ќе биде отворена изложбата „ИГРАЧКИ И РОБОТИ КАКО ЛИКОВНА ИНСПИРАЦИЈА“. Идеен творец на постојката е академскиот скулптор и сликар Лепосава Милошевиќ Сибиновиќ – Лепа од Србија, а изложените дела се од 94 автори од целиот свет.

Милошевиќ Сибиновиќ која гостува благодарение на соработката со ДЛУМ вели: „Човечката потреба за играње, стара колку и човекот, е поврзана со разни предмети, од едноставни, пронајдени во животната средина, до комплексни современи електронски уреди. Играчките се неразделен предмет при растењето кои најмногу го задржуваат детското внимание. 

Во исто време, тие се културен показател за животната средина и времето во кое биле (постоеле) или се се уште актуелни. Малиот човек се идентификува со својот омилен предмет, а честопати во подоцнежните години го чува како симбол на вечен спомен од детството.

Во директен контакт со играчките, се стекнува искуство и вештина, се развива имагинацијата, негува желбата за надминување на пречките, се поттикнува натпреварувачкиот дух но и креативен потенцијал. Сето ова од суштинско значење за разбирање на емоционална и психолошка состојба на детето, за подоцна да станат „потпорен столб” во животот и неговото создавање. Детската игра, длабоко врежаниот запис, исфилтриран низ призма на авторски размислувања, преточен на интригантен материјал како што е пергаментот.
Користејќи ги класичните ликовни медиуми: цртеж, графика, сликарки и комбинирани техники, голем број учесници ги “развиле” своите филмови со посебен емотивен набој, што резултира со интересни визуелни рефлексии. Книги, реализирани од различни авторски поетики, блиски на детскиот начин на гледање на нештата, преку реалистични сцени, асоцијативни па се до најапстрактни.“

Домашни банки

Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“

Објавено

на

Банката донираше повеќе од 20 пакети храна, неопходни за преживување на студените зимски денови кои следат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Централна Кооперативна Банка ќе издаде конвертибилна обврзница

Објавено

на

Централна кооперативна банка (ЦКБ) ќе издаде конвертибилна обврзница со која ќе се задолжи за 5 милиони евра. Веста е содржана во предлог одлуката што ќе се најде на претстојното вонредно акционерско собрание на таа банка закажано за 14 ноември.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка ја опреми со постелнина Детската клиника во Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД ја предаде првата донација за Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработка, со кој банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.

Со оваа донација на Силк Роуд Банка се овозможи целосно обновување на постелнините на сите креветчиња на Клиниката за детски болести. Средствата за набавка на новата постелнина во износ од 212 илјади денари, се обезбедени на тој начин што за секоја трансакција со Американ Експрес картичките на Силк Роуд Банка, банката одвојува по пет денари за потребите на Клинката.

„Среќни сме што ја реализиравме првата донација во рамки на нашето парнерство со Клиниката за детски болести. Со нетрпение ги очекуваме и следните донации со кои сакаме да ѝ помогнеме на Клиниката во остварување на нејзината благородна мисија. Горди сме што заедно со нашите клиенти го спроведуваме овој долгорочен проект со кој веруваме дека ќе придонесеме за уште подобра здравствена грижа за најмладите“, изјави Ролф Шнебели, претседател на Управниот одбор на Силк Роуд банка.

Релизацијата на првата донација од долгорочното партнерство помеѓу Силк Роуд банка и Универзитетската клиника за детски болести ја поздрави и Министерството за здравство.

„Здравствениот систем, како исклучително комплексен сегмент од секое општество, има потреба од поддршка и од приватниот сектор. Состојбите во здравството ќе бидат на многу повисоко ниво доколку сите општествени фактори ја споделат грижата за него. Оттука ја поздравувам оваа иницијатива која е јасен показател за високата свест и општествена одговорност на Силк Роуд банка и воедно ја користам оваа прилика да ги повикам и останатите компании да го следат примерот на оваа банка“, истакна министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче.

Универзитетската клиника за детски болести е единствена здравстена установа од ваков вид во Република Македонија. Во просек, годишно, на оваа клиника болнички се лекуваат над 7 400 деца, а повеќе од 5 4000 деца добиват амбулантска, специјалистичка и субспецијалистичка педијатриска грижа.

„Првата донација од Силк Роуд Банка доаѓа во вистинско време, затоа што набавката на нова постелнината за целата болница е повеќе од неопходна. Овој модел за соработка меѓу нашата Клинката со Силк Роуд Банка функционира одлично и ни овозможува реализација за унапредување на условите во Клиниката. Придобивки ќе имаат децата пацинети, но и персоналот“, вели д-р Катерина Ставриќ, директорка на Универзитетската клиника за детски болести.

Покрај соработката со Клиниката за детски болести, Силк Роуд Банка континуирано реализира и други општествено одговорни активности, меѓу кои: поддршка на активностите на Црвениот крст на Град Скопје, на Домот за деца без родители „11. Октомври“ и учеството во обезбедување помош на жителите на Стајковци погодени од катастрофалните поплави во 2016-та година.

Силк Роуд Банка е единствена банка во Македонија со 100% швајцарски капитал и е ексклузивен застапник за Американ Експрес картичките во земјава.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange