Connect with us

Форекс

Издадена нова емисија обврзници за денационализација во износ од осум милиони евра

Објавено

на

Државата денеска ја емитуваше дваесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од осум милиони евра. Со неа ќе се обесштетат граѓаните кои имаат правосилни решенија за денационализација од 1 јануари до 31 декември 2020 година, каде што е утврдено надомест да се врши преку обврзници.

„Средствата што се доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десетгодишни рати со годишна камата од 2 проценти”, информира Министерството за финансии.

Во соопштението од ресорното Министерство се наведува дека државата може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното достасување според условите, начинот и постапката што ги утврдува Владата.

Тргувањето со обврзниците ќе се врши на Македонската берза, со посредство на брокерските куќи и банките членки на Берзата.

Пред рокот на нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за отплата на станови во општествена сопственост.

Форекс

Централниот депозитар за хартии од вредност и додели плакета на Македонска берза во знак на благодарност за досегашната соработка

Објавено

на

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје оваа година прославува јубилеј од две децении постоење на македонскиот пазар на капитал. По тој повод, на Македонската берза ѝ беше доделена плакета во знак на благодарност за досегашната блиска и успешна соработка помеѓу овие две, комплементарни институции. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во септември?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.09.-30.09.2021 година вкупниот промет изнесува 615.657.953 денари и е намален за високи 78,01% во однос на претходниот месец август. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

ТУРСКАТА ВАЛУТА ТОНЕ ВО ДУПКА БЕЗ ДНО, Ердоган повторно направи чистка во централната банка

Објавено

на

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смени тројца членови на Одборот за монетарна политика на Централната банка и на нивно место назначи двајца нови членови, по што националната валута – лирата достигна рекордно најниско ниво. (more…)

Продолжи со читање



Популарно