Connect with us

Останато

Изгласан Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден, Собранието на Република Северна Македонија го изгласа Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица.

Преку 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат отпишани. Каматите на сите предмети кои се дадени за извршување заклучно со 31.12.2017 година, од страна на јавни и државни претпријатија, или државни органи, установи – се бришат.

Со законот се предвидува и репрограмирање на долгот, односно плаќањето на главниот долг да биде на рати. Колку е поголем долгот – толку ќе се зголемува рокот на отплата, односно ќе се исплаќа на повеќе рати. Во однос на репрограмирањето со новото законско решение се предлага плаќањето на главниот долг и трошоците во постапките пред судот, нотарот и извршителот, да се врши во месечни рати, во зависност од висината на долгот и трошоците.

Доверителите кои се во државна или јавна сопственост, по сила на овој закон, се должни да направат целосeн отпис на каматите и репрограмирање на главниот долг и трошоците во рок од три месеци од денот на стапување во сила на овој закон. Доверителите кои се во приватна сопственост, отписот на каматите, како и репрограмирањето на главниот долг и трошоците го вршат на доброволна основа.

Овој закон ќе влезе во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно