Connect with us

Странски банки

Извршниот директор на „JP Morgan“ најавува: Подгответе се за економски ураган

Објавено

на

Извршниот директор на холдинг-компанијата за финансиски услуги „JP Morgan Chase“, Џејми Дајмон, предвидува економски ураган предизвикан од војната во Украина, зголемени инфлациски притисоци и зголемување на каматните стапки на американските Федерални резерви, пишува „CNN”.

Тој метеоролошкиот речник го употребил во говор на конференцијата во Бернштајн.

„Во моментот е повремено сончево, работите изгледаат добро. Сите мислат дека Федералните резерви можат да го поднесат тоа. Сепак, ураган е на повидок и доаѓа кон нас. Не знаеме дали се работи за помала или супербура. Подобро подгответе се“, рече Дајмон.

Тој додаде дека „JP Morgan Chase“ се подготвува за лоши резултати.

Дајмон рече дека централната банка мора да ги зголеми стапките поради зголемувањето на цените на становите и другите инфлациски притисоци. Тој нагласи дека сè уште мисли оти американскиот банкарски систем е во одлична состојба и дека може да ги издржи тие предизвици.

Дајмон, исто така, рече дека „JP Morgan Chase“ ќе даде сè од себе за да привлече таленти за да остане на врвот на финансискиот свет. Извршниот директор рече дека религиозно ќе се посвети на добри плати за да ги задржи своите најдобри работници.

Странски банки

„Bank of England” ја зголеми основната каматна стапка со што ја зголеми загриженоста за рецесија

Објавено

на

Банката на Англија одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка најмногу во последните 27 години, по што најави дека Велика Британија во последниот квартал од оваа година ќе влезе во рецесија, која ќе трае до крајот на следната година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Дојче банк оствари добивка од 960,2 милиони евра со што ги надмина очекувањата на аналитичарите

Објавено

на

„Deutsche bank” ги надмина очекувањата на пазарот и забележа добивка во осмиот последователен квартал, остварувајќи нето приход во вториот квартал од 1,046 милијарди евра (1,06 милијарди долари). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарските сметки

Објавено

на

Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарски сметки до март следната година, пренесува „Радио Слободна Европа”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно