Connect with us

Останато

Извршниот директор на Apple, Тим Кук влезе во клубот на милијардери

Објавено

на

Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук влезе во клубот на милијардери, откако вредноста на акциите на технолошката компанија продолжува да ја зголемува својата вредност.

Пазарната вредност на „Apple“ е во пораст по силните деловни резултати и оптимистичките прогнози за технолошкиот гигант.

Кук лично поседува 847.969 акции и заработи повеќе од 125 милиони американски долари како дел од пакетот за плати и приходи во фирмата.

Минатата недела, основачот на „Facebook”, Марк Зукерберг, забележа зголемување на личното богатство на над 100 милијарди долари.

Технолошките компании, вклучително и „Apple“, „Facebook“ и „Amazon“ бележат раст на профитот за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи сè повеќе луѓе се свртуваат кон комуникација преку Интернет и бизнис.

„Apple“, со седиште во Силиконската долина, сега е на прагот на историски рекорд да стане првата компанија чијашто вредност се проценува на два трилиони долари. Пред две години „Apple“ стана првата компанија со проценета вредност од трилион (1.000 милијарди) долари, пренесува „BBC”.

Останато

Нина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија

Објавено

на

Асоцијациите за е-трговија на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, потпишаа Меморандум за формирање на Балканска Алијанса за е-трговија која ќе се залага за олесување и унапредување на регионалната е-трговија. Формирањето на Балканската алијанса беше поддржaнo од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија, спроведен од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), поддржан од Германија и ЕУ, во чии канцеларии беше потпишан меморандумот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно